• Latest
Харкив, Украина, 12 март 2022: Поглед на уништена соба, по бомбардирањето на цивилни цели од руските агресори (Фото: Андреа Каруба, Агенција Анадолија)

Руски воени злосторства и повредите на човековите права во Украина: Над 390 деца загинаа, осум новинари се убиени од почетокот на војната

September 26, 2022

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски воени злосторства и повредите на човековите права во Украина: Над 390 деца загинаа, осум новинари се убиени од почетокот на војната

September 26, 2022 12:26
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Харкив, Украина, 12 март 2022: Поглед на уништена соба, по бомбардирањето на цивилни цели од руските агресори (Фото: Андреа Каруба, Агенција Анадолија)

Харкив, Украина, 12 март 2022: Поглед на уништена соба, по бомбардирањето на цивилни цели од руските агресори (Фото: Андреа Каруба, Агенција Анадолија)

Share on FacebookShare on Twitter

Употребата на оружје за масовно уништување против цивили е злосторство против човештвото и кршење на четирите Женевски конвенции од 1949 година, соопшти Владина канцеларија за координација на европските и евроатлантските интеграции на Украина.

Убивајќи цивили, силите на агресорот продолжуваат да вршат злосторства против човештвото како што е дефинирано со Статутот на Меѓународниот воен трибунал и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, цинично непочитувајќи ги сите барања од Женевската конвенција во однос на заштитата на цивилните лица во време на војна.

Според овие правила, намерните напади врз цивили, кои не се директно вклучени во непријателствата се поистоветуваат со воени злосторства. Земањето цивили како заложници е директно кршење на членовите 3 и 34 од Женевската конвенција во однос на заштитата на цивилните лица во време на војна, членот 9 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и членот 5 од Европската конвенција за Човечки права.

Од 25 септември 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, 391 дете загина, а повеќе од 773 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, нема можност да се изврши увид на областите на гранатирање и уништување.

Во текот на седумте месеци од војната, Русија изврши 454 злосторства против новинарите и медиумите во Украина. Ова го соопшти Институтот за масовни информации. Од 24 септември руската војска уби вкупно 38 новинари во Украина. Од нив, осум новинари се убиени додека ги вршеле професионалните обврски (тројца украински и пет странски).

Како резултат на воените дејствија и терористички напади од страна на Русија, повредени се 14 новинари. Во текот на седумте месеци од агресијата, руската војска зароби и киднапираше 18 медиумски работници.

27 новинари беа нападнати. Најмалку 208 радиодифузери и печатени медиуми (национални, регионални и локални) ги прекинаа своите активности и емитување целосно или делумно во голем број региони поради непријателства и окупација.

67 медиуми добија закани, малтретирање и заплашување од Русите, руската армија или нејзините поддржувачи.

Заземени или нападнати се осум редакции. Вкупно 215 медиуми престанаа да работат.. Русите пукале и/или заробиле 13 телевизиски кули. Евидентирани се 27 случаи на исклучување на украинското емитување и емитување на руска пропаганда, главно на привремено окупирани територии.

Покрај тоа, од 24 февруари до 24 септември, Русите извршиле 38 сајбер напади. во региониот Доњецк и Луганск во текот на ноќта руските окупаторски сили масовно го гранатираа регионот на Доњецк. Како резултат на непријателските напади, има уништување и жртви меѓу цивилите. Две лица загинаа во Бахмут како резултат на гранатирање од окупаторите. Уште најмалку осум жители на регионот Доњецк се повредени.

Ова го соопшти шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко. Забележано е дека ноќта на 25 септември, армијата на земјата агресор го погодила Андриевка во заедницата Велика Новосилка со С-300 САМ. Оштетени се три куќи и едно локално училиште. Освен тоа, окупаторите ја гранатирале и Краснохоривка, при што едно лице е повредено.

Подготви: Д. Варошлија

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ