Руските напаѓачи ги напуштија контролните пунктови во Чорнобаивка, Степанивка и Билозерка во регионот Херсон, а бројот на руски воен персонал паѓа во Херсон, изјави градоначалникот на Олешки, Јевхен Ришчук, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Локалните жители од десниот брег на регионот Херсон известуваат дека руските војници ги напуштиле контролните пунктови во населбите Чорнобаивка, Степанивка и Билозерка. Во самиот град Херсон визуелно е намален бројот на воениот персонал“, напиша Ришчук.
Тој, исто така, ги потврди извештаите дека руското знаме било отстрането од зградата на окупаторската „администрација“ во Херсон на 3 ноември.
Претходните извештаи говореа дека руските напаѓачи ја повлекле сета своја воена опрема од аеродромот во заземената населба Чорнобаивка, регионот Херсон.
Подготви: Д. Мишев












