Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена дала исказ за случајот со бегството на Сашо Мијалков.
Предметот го води Основното јавно обвинителство, а надлежна обвинителка е Ленче Ристоска.
„Знам дека колешката Ленче Ристоска го води тоа. Во четвртокот имаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода. Така што, за повеќе информации треба да се обратите до нејзе“, изјави Рускоска во емисијата.
Рускоска, исто така, додаде дека немало законска основа да се бара притвор за Мијалков во моментот кога се читаа завршните зборови за „Таргет-Тврдина“, затоа што на тој начин ќе се прејудицирала пресудата.
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).