• Latest

Се лоцира одговорноста за случајот со штитеничката од „25 Мај“

February 24, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се лоцира одговорноста за случајот со штитеничката од „25 Мај“

February 24, 2018 08:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со поднесување кривична пријава за 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“ и со оставката на директорот на Домот „25 Мај“, полека почнува да се лоцира одговорноста за случајот со 13-годишната штитеничка од овoј дом.

Оваа пријава, посочуваат од Министерство за труд и социјална политика, ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година.

Од страна на инспекторите, како што велат од Министерството, се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

Заев во Собрание

Премиерот Зоран Заев на последната седница за пратенички прашања рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

– Јас сум еден од поддржувачите на максимално казнување, заради тоа што само преку максимални казни ќе ја испратиме пораката тоа да не се повтори никогаш повеќе, рече Заев.

Мила Царовска

Министерката за труд и социјална политика  Мила Царовска вели дека јасна е потребата од деинституционализација и трансформација на големите институции кои што згрижуваат деца без родители, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со попреченост во нивниот развој.

– Како МТСП сме во интензивна изработка на трансформациски планови за излегување на децата од тие институции и сместување во мали куќни домови. Затоа што се работи за мала бројка од 40 деца кои многу брзо ќе бидат надвор од тие институции и ќе добијат соодветна грижа, рече Царовска на собраниската седница за пратенички прашања.

Васка Бајрамовска-Мустафа

Според заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа, одговорноста за негрижата за децата кои се проблематични и се „згрижени“ во институции ја имаат сите.

– За тоа дека девојчето е во постојано бегство се знаело од денот кога таа е донесена во установата во декември 2016 година. Установата пријавувала, го известила старателот – Центарот за социјална работа дека има штитеник кој е во постојано бегство. И тогаш тука затаила контролата и исполнувањето на улогата – посветеноста – да се седне, тимски да се работи со детето и да се реши проблемот“, вели Бајрамовска-Мустафа во интервју за МИА.

Народниот правобранител, како што додава таа, во континуитет од 2015 година укажува на слабостите и на неефикасноста на јавните установи дека не ја постигнуваат целта на превоспитно делување кон децата.

– Укажуваме дека децата наместо да се превоспитаат и да им се промени нарушеното поведение кон подобро, тие само ја менуваат установата…, вели Бајрамовска – Мустафа.

Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) го обелодени случајот со 13-годишното девојче, кое минатата недела било подложено на абортус, а забременило по сексуално злоставување како штитеничка на Домот за деца „25 Мај“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ЗаевмалолетничкаМТСПНароден правобранителодговорностсексуална експлоатацијаСексуално злоставувањеЦаровскаштитеничка
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ