• Latest

Се ограничува работата на печката за медицински отпад во Дрисла

December 12, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се ограничува работата на печката за медицински отпад во Дрисла

December 12, 2017 13:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Решение за ограничување на работата на печката за медицински отпад во Дрисла од само осум часа, меѓу 7 и 19 часот, како и целосна забрана за работата кога се надминати праговите на алармирање на загадување на Град Скопје за мерната станица Лисиче, донесе Државниот инспекторат за животна средина по вонредниот
инспекциски надзор на депонијата во село Батинци, општина Студеничани, извршен на први декември годинава.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, решението е донесено врз основа на последните мерења кои покажале надминување на просечните концентрации на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина во септември и октомври од спалувањето медицински отпад.

При инспекцискиот надзор, инсинераторот не бил во работен процес, а работи секојдневно во две смени со капацитет од 250 килограми на час или три тона на ден.

„Дрисла од октомври 2013 година поседува измена на А-Дозволата за усогласување со оперативен план. Согласно дозволата, врши месечни мерења на емисијата на гасови од емитерот/оџакот на инсинераторот од страна на акредитираната лабораторија за животна средина Технолаб за што се изработени месечни Извештаи. Од добиените резултати од мерењата на емисијата на загадувачки супстанции во воздухот од печката за спалување медицински отпад, за септември-октомври е евидентирано надминување на просечните концентрации на јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина“, информира Министерството.

При надзорот на Инспектратот е констатирано и дека на депонијата се носат одредени количини празни канистри од компанијата Кемет електроникс од ТИРЗ-Бунарџик. Тие се уништуваат со компактирање во телото на депонијата. Во одредена полузатворена просторија во кругот на депонијата е организирано собирно место за отпадни масла, веднаш до сервисот за механизацијата на правниот субјект, се собираат во метални буриња, а потекнуваат од сервисирање на сопствената механизација. Собраното отпадно масло се предава на Аутохаус-Заковски, Скопје, компанија овластена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: горењеДрислазабраназагадувањеинспекцијамедицински отпадограничувањепечки
Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ