• Latest

Се проширува истрагата за Талески!

September 22, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се проширува истрагата за Талески!

September 22, 2017 14:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СВР Битола, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство за предметот „Транспортер 2“, што се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици, поднесе посебен извештај против шест лица вработени во Општината, меѓу кои и за градоначалникот Владимир Талески.

Од МВР информираат дека има основано сомневање за сторени две кривични дела – „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Четири лица, во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015-2016 се многу повисоки од реалните цени на пазарот.

Секретарот на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори, а градоначалникот на Битола, донел одлука за најповолни понудувачи на тендерот за превоз на ученици и потпишал штетни договори со две правни лица, превозници од Битола, велат од полицијата.

Со преземените дејствија пријавените ја оштетиле Општината за над четири милиони денари, се вели во соопштението од МВР.

Минатата година, градоначалникот Талески беше три месеци во куќен притвор, како првоосомничен во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

СЈО го осомничи дека заедно со секретарот на Општината, директори на училишта и превозни компании, организирале школски превоз за учениците по цени повисоки од реалните. Талески тврдеше дека се работи за политички монтиран процес. Од куќниот притвор беше ослободен на 19 септември 2016 година, со обврска два пати неделно да се јавува во Судот во Битола.

Tags: Битолазлоупотреба на службена положба и овластувањеКомисијата за јавни набавкипревоз на ученициСЈОТалескиТранспортер 2
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ