Деловните групи соопштија дека договорот ќе им олесни на компаниите, вклучително и Гугл и Фејсбук, да испраќаат податоци меѓу САД и Европа, која има построги регулативи за приватност на податоците.
– Денеска ја заштитивме приватноста на податоците и безбедноста на нашите граѓани. Ја подобривме рамката за заштита на приватноста, промовирање на растот и иновациите во ЕУ и САД и помагање на компаниите да се натпреваруваат во дигиталната економија, истакна Бајден.
Фон дер Лајен нагласи дека договорот ќе овозможи предвидливи и веродостојни текови на податоци меѓу ЕУ и САД, притоа зачувувајќи ја приватноста и граѓанските слободи.
Компанијата Фејсбук соопшти дека новиот договор им помага на луѓето да останат поврзани, овозможува продолжување на услугите и безбедноста на американските и европските компании кои се потпираат на брз и безбеден пренос на податоци.
Гугл соопшти дека работата на ЕУ и САД за заштита на трансатлантскиот пренос на податоци е за поздравување.