Првообвинетиот во случајот „Труст “, бизнисменот Сеат Кочан не се чувствува виновен за делото за кое го товари Специјалното јавно обвинителство. Вина не чувствуваат ниту второ и трето обвинетите Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Судењето ќе продолжи на 21-ви ноември.
Претставниците на „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, фирми кои СЈО ги товари дека со невистинити документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра се изјаснија дека правните лица не се кривично одговорни.
Обвинителот Гаврил Бубевски во воведните зборови истакна дека со доказите што ќе ги презентираат, ќе докажат дека обвинетите биле водени од убедувањето дека криминалот се исплати и дека трупањето пари и збогатувањето на штета на граѓаните е активност што поминува во Македонија. Тој рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Бубевски не ја исклучи можноста за проширување на постапката со нови лица.
Специјалниот обвинител Артан Ајро во актовка им ги донесе во судницата доказите на одбраната. Адвокатите пак, бараа од судот да закаже посебно рочиште на кое ќе можат да ги оспорат доказите, бидејќи според нив, голем дел не докажувале ништо и не биле поврзани со обвинението. Судијата го одби барањето на одбраната.
Д.М.