• Latest

САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина

December 6, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

САД обвинија четири руски војници за извршени воени злосторства во Украина

December 6, 2023 19:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРАВДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Четири лица поврзани со руската војска беа денеска обвинети од Министерството за правда на САД за воени злосторства, како измачување, нехуман третман и незаконско затворање на американски државјанин.

Ова е првпат САД да поднесат тужби за воени злосторства против руски воени лица според домашното законодавство а за „грозоморни злосторства против американски државјанин“, изјави јавниот обвинител на САД Мерик Гарланд, пренесува МИА.

Обвинетите се именувани како Сејранович Мкртчјан, Димитри Будник, Валериј и Назар  (со непознати презимиња).

Како што изјавија од министерството, обвнетите наводно испрашувале, тепале и измачувале жртва, се заканувале да ја убијат жртвата и извршиле лажна егзекуција врз неа. Актите се случиле во април 2022 година кога Мкртчјан и војници под негова команда наводно киднапирале Американец од неговото село во јужна Украина и „незаконски го затвориле најмалку десет денови“.

Според обвинението, Мкртчјан и Будник биле командири во единици на руските воени сили, и/или на таканаречената Доњецка народна република, регион во Украина што Русија го смета за свој.

Лицата се обвинето под три воени злосторства и под една точка за заговор за вршење воени злосторства. Ако се осудени се соочуваат со максимална казна затвор доживотно. Тие не се задржани од САД.

-Додека светот е сведок на ужасите на бруталната инвазија на Русија во Украина, тоа го сведочи и Министерството за првада на САД, соопштија оттаму и наведија дека ќе работат „толку колку што е поребно да се бара одговорност и правда за руската воена агресија“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Злосторстваруски војнициСАДУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result