Претседателот на САД Доналд Трамп одлучил државата да се повлече од учество во преговорите за донесување глобален договор со кој ќе се подобрат меѓунардните права за мигрантите и бегалците. Тоа го соопшти синоќа постојаната мисија на САД во ОН.
„Денеска мисијата на САд во Он го извести генералниот секретар дека САД прекинуваат со учество во Глобалниот договор за миграцијата“, се вели во соопштение на мисијата.
Во документот се посочува дека во септември лани Вашингтон потпишал т.н. Њујоршка декларација со која сите 193 држави членки на ОН се согласни да одобрат во 2018 година два глобални договора – за управување на миграциски бран и за мерки за бегалците.
„Њујоршката декларација содржи голем број одредби кои не се во осгласност со политиката на САД во сферата на миграцијата и за бегалците“, објануваат од мисијата на САД во ОН.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.