САД се загрижени поради воените активности на Кина во близина на Тајван, кои ги нарекуваат провокативни и дестабилизирачки, соопшти денеска Белата куќа.
Советот за национална безбедност на Белата куќа нагласи дека во тој поглед ќе продолжи да му помага на Тајван во одржување на задоволителна способност за самоодбрана, објави Ројтерс.
Тоа, инаку, е согласно долгогодишните американски обврски кон Тајван, како и со политиката „една Кина“.
Властите на Тајван, што Кина го смета за легитимен дел од својата територија, забележуваат дека во изминатите 24 часа нивната противвоздушна одбрана идентификувала седумдесет и еден авион на кинеското воздухопловство, вклучувајќи борбени авиони и беспилотни летала.
Се нагласува дека пријавениот упад е најголем досега.