• Latest

Саити: Новинарите секогаш треба да се во потрага по вистината

October 28, 2017

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Саити: Новинарите секогаш треба да се во потрага по вистината

October 28, 2017 13:52
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Реан Саити, главен и одговорен  уредник во ТВ Арт Канал, Тетово, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, вели дека ако новнарството се практикува професионално и секогаш во потрага по вистината, слободата на изразување па и медиумските слободи се загарантирани.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Саити: Ние новинарите слободата на изразување ја разбираме како изнесување на сите факти  без да навлегуваме или навредуваме некој или да направиме нешто што не е во согласност со новинарските стандарди. Тоа подразбира слобода за сите новинари во негување на истражувачкото новинарство, утврдување на фактите без невистини. Под активизам подразбирам активирање на граѓанското општество и на самите новинари да се вклучат во една битка за подобри услови за граѓаните во Македонија  и нивно брзо реализирање.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Саити: Секогаш се стремиме кај младите новинари и кај оние што водат политики на локално и централно ниво да овозможат непречена работа и да известуваат во согласност по сите меѓународни стандарди.  Ги стимулираме младите да бидат упорни во тоа што го бараат и да бидат во постојана потрага по вистината. За некого можеби е болна вистина, ама таа секога треба да биде приоритет за секој новинар.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Саити: Зборувам за себе. Со 20 години во новинарство изградив став никогаш да не се приближувам до политичките партии. Имам пријатели во сите политички партии, но кога се работи за професионализам, тоа ми е секогаш во прв план. Јас ни на свечени вечери не одам кај политиките партии. Во мојата работа не смеат да ми се мешаат. Работа од 1994 година и можам слободно и јавно да речам дека никогаш не сум имал политички или друг вид на притисок. Вратите ми се отворени во сите политички партии имам почитување од нив, токму затоа што се водам  по овие принципи, балансирање во известувањето од двете страни во било каков конфликт. Тоа е целта на нашата телевизија. Можам да спомнам дека и власникот на телевизијата припаѓа на бизнис заедницата, но никогаш од негова страна не сум имал интервенција за некоја вест или информација. Многу е лесно кога еден газда има таков пристап кон сопствениот медиум. Токму тоа што не сум дозволил да ми се мешаат во уредувачката политика досега не сум имал никаков притисок од ниедна политичка партија, а сум поминал во многу турбулентни времиња.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Саити: Една од препораките ја спроведовме на дело. Направивме дебата меѓу спротивставените политички табори на овие локални избори. Доста беа по митинзи градоначалниците поединечно зборувајќи пред народот, ги споивме сите четири кандидати во Тетово па ајде нека зборуваат пред граѓаните, нека кажат што имаат и дали ќе ги исполнат дадените ветувања. Ние пак за две години ќе реализираме дебати да видиме што реализирале. На таков начин се поттикнува слободата на изразување и медиумската слобода. Сѐ зависи од тоа како ќе постапува локална и централна власт. Мислам дека ја научија лекцијата, а пак новинарите се упорни во откривање на вистината. На властите би им препорачал повеќе време и простор да им остават на новинарите. Секоја институција да има свој портпарол. Секоја администрација да има свои луѓе каде новинарите ќе можат да бараат одговори. Граѓаните сакаат да знаат што се случува и на локално и на централно ниво и тие мора да бидат достапни во секое време. Треба да имаат пристапни веб страници со контакт телефони на кои новинарите во секое време можат да се јават и да добијат одговор на било кое прашање.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизаминтервјумедиумска слободаРеан Саитислобода на изразувањеТВ Арт КаналТетово
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ