• Latest
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Само еден наш државјанин побарал евакуација од Израел, состојбата делумно стабилна и се следи

April 15, 2024
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Само еден наш државјанин побарал евакуација од Израел, состојбата делумно стабилна и се следи

April 15, 2024 14:22
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, ОПШТЕСТВО
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел.

-До сега се пријавил еден наш граѓанин во Амбасадата во Израел којшто бара да се евакуира веднаш поради состојбата. Веднаш му е даден патен лист за да може да ја напушти државата, а исто така од една компанија се јавија на СОС телефонот овде во Скопје за четворица вработени кои се во Израел да ги имаме предвид во случај да се влоши состојбата и да имаат и контактни броеви каде да ги контактираме за да може да ги извлечеме, вели Османи.

Тој оценува дека ситуацијата на Блискиот исток е делумно стабилна и се придружи на повиците до Израел да не возврати на нападот на Иран за како што вели, да се спречи влошување на состојбите и спиралата на конфликти.

-По однос на ситуацијата во Блискиот исток денеска имав разговори со повеќето амбасадори во тој регион, меѓутоа и амбасадорот во НАТО и други партнерски земји. Во моментот состојбата е делумно стабилизирана. Училиштата во Израел се пуштени во функција, воениот кабинет се уште нема одлука дали ќе возврати. Јас еве ја користам оваа прилика до Израел да не донесе одлука бидејќи спиралата на конфликти тогаш само ќе се влоши, вели Османи.

На новинарско прашање како од околу 50 македонски државјани за кои се смета дека се во Израел, само еден се пријавил на повикот за извлекување, Османи вели дека тоа се должи на делумното стабилизирање на ситуацијата. Тој дал насока до нашиот амбасадор во Израел неговите деца да ја напуштат земјата, но откако утринава разговарал уште еднаш со него и со оглед дека училиштата повторно биле отворени, а состојбата е во моментот стабилна, сепак решиле тие да останат и да ја следат состојбата. Од Иран, посочи тој, нема барање од наши државјан, а во однос на студентите од Јордан кои сакале да се вратат во земјава, во моментот вели, нема некој притисок или барање од други држави на Блискиот Исток за евакуација, бидејќи вели ситуацијата е во скатус кво.

North Macedonia will join the United States and Germany among others as a co-sponsor a United Nations resolution declaring July 11 as an international day of remembrance and commemoration of

-Во секој случај ние сме спремни да се организираме веднаш. Ние имаме постојано дежурство коешто одговара на повиците на граѓаните, рече министерот Османи.

Тој кажа дека Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади.

-Единствениот начин ние да имаме податоци, е граѓаните коишто ќе се пријават и ќе се јават во амбасадите за да кажат ние сме тука, планирајте не, ако состојбата излезе од контрола. И јас еве иако денеска е стабилна состојбата во Израел и на Блискиот Исток, сепак им препорачувам, пријавете се во Амбасада, нека ве има во списокот, дајте телефонски броеви. Утре ако се влоши ќе знаеме како да ве контактираме. Тоа е најдобриот начин да направиме јасен список за тие што се надвор, вели Османи.

По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР е формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.

Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР  075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите во наредните часови и денови како и од отворениот аеродором во Тел Авив кој повторно е ставен во функција, но, работи со ограничен капацитет. Алтернативна рута е копнен пат преку Јордан.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИзраелМНР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ