Говор на омраза кон новинарите кои известуваа од Брисел за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија од пратеникот и лидер на Левица, а воедно и вонреден професор во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (кој инаку е избран на конкурс каде што бил единствениот кандидат).
Тој ги нарече новинарите „проститутки“ и „црепови“ на своите профили на Фејсбук и Твитер, и забранил да му се коментира (освен на оние што се согласуваат со неговото мислење).
ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза и недоличното однесување на самопрогласениот „уредник“ кој сака да диктира што да објавуваат медиумите. Таа желба нема да му се оствари, бидејќи новинарите не се негови ботови и партиски послушници!