• Latest
фото: HUMAN RIGHTS WATCH

Самракот на автократите

January 13, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Самракот на автократите

Хјуман Рајтс Воч: Иднината за автократите е помрачна отколку што изгледа. Но, демократските лидери треба  да вложат повеќе напор за подобро да одговорат на глобалните предизвици

January 13, 2022 14:07
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: HUMAN RIGHTS WATCH

фото: HUMAN RIGHTS WATCH

Share on FacebookShare on Twitter

Автократските лидери се соочија со значителни  повртани реакции во 2021 година, но демократијата може да напредува во натпреварот со автократијата само доколку демократските лидери ги интензивираат активностите во решавањето на глобалните проблеми, рече Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч, по повод објавувањето на Извештајот на Хјуман Рајтс Воч за човековите права во светот за 2022 година.

Од Куба до Хонг Конг, луѓето излегоа на улиците барајќи демократија кога неодговорните владетели, како што тоа често прават, им дадоа приоритет на сопствените интереси пред оние на своите граѓани, рече Рот. Сепак, многу демократски лидери беа премногу заглавени во краткорочни преокупации и освојување политички поени за да се справат со сериозни проблеми како што се климатските промени, пандемијата Ковид-19, сиромаштијата и нееднаквоста, расната неправда или заканите од модерната технологија.

„Држава по држава, голем број луѓе излегоа на улиците, дури и по ризик да бидат уапсени или стрелани, што покажува дека привлечноста на демократијата останува силна“, рече Рот. „Но, избраните лидери треба да вложат повеќе напор во справувањето со главните предизвици за да покажат дека демократската влада ги исполнува своите ветени дивиденди“.

Извештајот на Хјуман Рајтс Воч за човековите права во светот за 2022 година, во неговото 32-ро издание, ја опишува состојбата со човековите права во речиси сите (приближно 100) земји во кои работи Хјуман рајтс воч.

Во својот воведен есеј, Рот го оспорува општоприфатениот став дека автократијата е во пораст, а демократијата е во опаѓање. Многу автократи тврдат дека му служат на својот народ подобро од демократски избраните лидери, но тие тоа обично го прават за себе, а притоа се обидуваат да манипулираат со изборниот систем за граѓаните да не можат да донесат негативна пресуда. Автократите, вообичаено, се обидуваат да го пренасочат вниманието со расистички, сексистички, ксенофобични или хомофобични апели, рече тој.

Пандемијата со Ковид-19 ја истакна оваа тенденција, при што многу автократски лидери ја минимизираа пандемијата, вртеа грб на научните докази, ширеа лажни вести и дезинформации и не ги преземаа основните мерки за заштита на здравјето и животот на јавноста.

Ваквиот развој на настаните мора да ги загрижи некои автократи, бидејќи широк опсег на опозициски политички партии почнаа да ги ставаат настрана нивните политички разлики за да изградат сојузи, кои имаат приоритет на нивниот заеднички интерес, да изгласаат симнување на корумпирани политичари или репресивни лидери од функцијата, рече Рот. Во Чешка, неверојатна коалиција го победи премиерот Андреј Бабиш. Во Израел, уште поневеројатна коалиција стави крај на долгогодишното владеење на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Слични широки сојузи на опозициските партии се формираа за претстојните избори против Виктор Орбан во Унгарија и Реџеп Таип Ердоган во Турција. Ваквата тенденција, во американската Демократска партија придонесе за изборот на Џо Бајден да се натпреварува како демократски кандидат на изборите во 2020 година против Доналд Трамп.

Згора на тоа, бидејќи автократите повеќе не можат да се потпираат на суптилно манипулирани избори за да ја зачуваат власта, сè поголем број од нив, од Никарагва до Русија, прибегнуваат кон отворени изборни шаради кои го гарантираат нивниот посакуван резултат, но не даваат ништо од легитимитетот што се бара од одржувањето на изборите. Оваа растечка репресија е знак на слабост, а не на сила, рече Рот.

Сепак, за да ги убедат луѓето да го напуштат самоволното владеење на автократите, демократиите треба да е подобрат во справувањето со општествените проблеми, рече Рот.

На пример, климатската криза претставува страшна закана за човештвото, но сепак демократските лидери само го грицкаат проблемот, рече тој, навидум неспособни да ги надминат националните перспективи и сопствените интереси за да ги преземат главните чекори потребни за да се избегнат катастрофалните последици. Извештајот на Хјуман Рајтс Воч за човековите права во светот за 2022 година вклучува проценки на климатските политики на 10-те најголеми светски емитери на стакленички гасови, како и на повеќе од десетина други земји каде што има значајни политички случувања поврзани со климатската криза.

Пандемијата „Ковид-19“ ги откри и слабостите на демократските лидери. Демократиите се соочија со пандемијата развивајќи високо ефективни mRNA вакцини со извонредна брзина, но не успеаја да се погрижат да го споделат овој пронајдок што спасува живот со луѓето од земјите со пониски приходи. Некои демократски влади презедоа чекори за да ги ублажат економските последици од локдаунот поради „Ковид-19“, но допрва треба да се справат со поширокиот и постојан проблем на распространетата сиромаштија и нееднаквост, или да изградат соодветни системи на социјална заштита за следното неизбежно економско нарушување, рече тој.

Демократиите редовно дебатираат за заканите што ги носи технологијата, рече тој. Тие вклучуваат ширење на дезинформации и говор на омраза преку платформите на социјалните медиуми, големо нарушување на приватноста како економски модел, наметливоста на новите алатки за надзор и пристрасност на вештачката интелигенција. Но, демократските лидери презедоа само мали чекори за да се справат со овие предизвици.

Демократиите не поминуваат ништо подобро кога дејствуваат надвор од нивните граници. Тие често се впуштаат во компромиси  со реалполитиката, зајакнувајќи ги автократските „пријатели“ за да ја ограничат миграцијата, да се борат против тероризмот или да ја заштитат наводната „стабилност“, наместо да ги бранат демократските принципи.

За разлика од прегратката на Трамп со пријателски автократи кога тој беше претседател на САД, Бајден вети надворешна политика која ќе се води од човековите права. Но, САД продолжија да обезбедуваат оружје за Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Израел и покрај нивната постојана репресија. Во услови на автократски тренд во Централна Америка, Бајден главно даде приоритет на напорите за ограничување на миграцијата наместо автократијата.

Другите западни лидери покажаа слична слабост во одбраната на демократијата. Владата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел помогна да се организира глобална осуда на злосторствата на кинеската влада против човештвото во Ксинџијанг. Но, додека претседаваше со Европската унија, Германија помогна да се промовира инвестицискиот договор на ЕУ со Кина и покрај тоа што Пекинг ги користи етничките Ујгури  за присилна работа.

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон помогна да се координира широката осуда на однесувањето на Пекинг во Ксинџијанг, но беше слепа за турбулентната состојба во Египет.

Ако демократиите сакаат да надвладеат, нивните лидери мора да направат многу повеќе отколку само да ги истакнуваат неизбежните недостатоци на автократското владеење, рече Рот. Тие мора да завршат подобра работа во справувањето со националните и глобалните предизвици за да се осигураат дека демократијата всушност дава резултати.

„Промовирањето на демократијата значи застанување во одбрана на демократските институции како што се независното судство, слободните медиуми, робусните парламенти и енергичните граѓански општества дури и кога тоа носи несакана контрола или предизвици на извршните политики“, рече Рот. „И тоа бара подигнување на јавниот дискурс, наместо да ги поттикнеме нашите најлоши чувства, да дејствуваме според демократските принципи, наместо само да ги искажуваме, и да се обединиме пред да се појават заканите, наместо да нè поделат во нивната трка по уште еден мандат, во кој секако нема ништо да сторат за човештвото, туку само за себе“.

Д.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ