Categories

ИНОВАЦИИ „Самсунг“ патентираше метод кој го претвора дисплејот на смартфонот во сензор за отпечатоци

Самсунг е еден од најголемите извори на иновации во индустријата во последниве години. Корејскиот гигант постојано експериментира со различни методи и технологии кои можат да ја олеснат нашата работа со мобилните уреди. На интернет сега се појави информација за патент на компанијата, кој опишува метод за претворање на целиот екран на смартфоните во целосно функционален сензор за отпечаток. Тоа значи дека Самсунг сака да ги елиминира актуелните проблеми во таа технологија.

Нивниот концепт вклучува употреба на оптички сензор кој може да биде вграден во следната генерација паметни телефони со дисплеј на преклопување. Самсунг сака да им даде поголема слобода на своите корисници, овозможувајќи им да одберат во кој дел од екранот да ги отклучат самите уреди. Користењето на сличен сензор исто така ќе овозможи целиот простор во предниот дел да се користи за мултимедија и ќе придонесе за отстранување на рамката околу екранот.

Патентот предвидува сензорот да ги скенира прстите три пати, а времето за реакција на секој од нив е 20-30 милисекунди. Додека се случува тоа, екранот автоматски ја менува осветленоста за да може полесно да се идентификува. Можеме да очекуваме првите уреди со сличен сензор да станат реалност следната година. Прашање е дали Galaxy S10 ќе користи таков дизајн, кој ќе му даде значителна предност над своите конкуренти. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email