• Latest

Сандри: Северна Македонија ќе биде првата земја во Европа што ставила крај на бездржавноста и втора во светот

June 20, 2023
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Сандри: Северна Македонија ќе биде првата земја во Европа што ставила крај на бездржавноста и втора во светот

Доколку престанат конфликтите во Украина, Сирија и Авганистан би посведочиле 52 проценти помалку бегалци, вели за МИА, Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР.

June 20, 2023 09:18
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со неславен рекорд од над 100 милиони бегалци денеска се одбележува Светскиот ден на бегалците. За Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР, ова е тажна реалност предизвикана од сѐ почестите конфликти во светот. Три конфликти, кои моментално се случуваат во светот се виновници за 52 отсто од вкупниот број бегалци. Доколку би престанале конфликтите, како што вели, во Украина, Сирија и Авганистан би посведочиле 52 проценти помалку бегалци во светот.

-Бегалците се луѓе, половина од нив се жени и деца, и доколку тие се прашуваат, никогаш не би заминале од својата земја, сѐ уште би биле таму и би живееле нормален живот, бидејќи тоа се луѓе како вие и јас. Тие се нашле во несреќна ситуација, можеби имало војна, или нешто друго што ги натерално да избегаат од нивната земја и да бараат заштита во друга. Затоа, треба да се разбере што стои зад зборот бегалец, тоа се деца бегалци, жени бегалци и мажи бегалци. Тоа се луѓе како и сите ние, вели Сандри.

Во продолжение го пренесуваме целото интервју со Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР, со видео материјал:

Денеска е Светскиот ден на бегалците, може ли да ни кажете нешто повеќе за овој ден?

Ви благодарам што ни дадовте шанса, на УНХЦР и мене лично, на одбележувањето на Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, да зборуваме за бегалците. Ова е целта на Светскиот ден на бегалците. Прво и најважно, да се даде можност за да се зборува за бегалците. Многу често тие се изоставени од јавниот дискурс. 20 јуни е денот кога сите земји во светот и канцеларии на УНХЦР зборуваат за бегалците и барателите на азил.

Каква е ситуацијата со бегалците во моментов, што велат бројките?

Секоја година пред 20 јуни, УНХЦР го објавува глобалниот извештај. Во извештајот од 2022 година можеме да ја пронајдеме статистиката за бегалците и лицата кои што се принудени да ги напуштат и преминат границите и внатрешно раселените лица, луѓе кои што се принудени да ги напуштат своите домови, меѓутоа остануваат во својата земја. Можеме да најдеме многу бројки. Секогаш се чувствувам непријатно да зборувам за бројки бидејќи изгледа како зад бројките да нема луѓе. Но, тажната реалност е дека зад секоја бројка има човечка приказна и човечка трагедија. За жал, многу од бегалците и принудно раселените лица се деца и жени.

Во извештајот стои дека изминатата година е постигнат рекордот на бегалци, колкава е таа бројка, во споредба со 2021 година?

Извештајот за глобалниот тренд покажува дека ова е навистина тажна реалност. Трендот на принудно раселени луѓе продолжува да расте. Траекторијата е многу јасна, секоја година бројките се поголеми. Во 2022 беше поставен рекордот, за жал, ја надминавме бројката над 100 милиони принудно раселени луѓе, а веќе во 2023 година, достигнавме 110 милиони.

Од каде најчесто доаѓаат бегалците?

Во светот има многу конфликти, и, за жал, многу од конфликтите, особено од три конфликти се смета дека доаѓаат 52 проценти од бегалците. Доколку би ги решиле конфликтите како што е тој во Украина, Сирија и Авганистан, ние би посведочиле 52 проценти помалку бегалци во светот.

На кој начин руската инвазија придонесе кон оваа бројка?

Во голема мера. Всушност, го видовме одливот на украински бегалци кој беше најбрзиот одлив на бегалци од Втората светска војна. Можете да замислите дека, пред инвазијата на Русија имавме 27 илјади, а сега се искачи на 5,7 милиони бегалци. Ова е неверојатна бројка и е најбрзата од Втората светска војна.

Каква е ситуацијата во Република Северна Македонија, колку баратели на азил има кај нас?

Спротивно од она што луѓето го мислат, нема многу баратели на азил, ниту бегалци. Многу луѓе доаѓаат во Северна Македонија, но, потоа само преминуваат преку неа.

Што можат властите да направат за да ги заштитат бегалците? 

Северна Македонија прави многу за заштитата на бегалците. Првото нешто кое што треба да се направи е да се осигураме дека системот функционира. Прво и најважно е системот за баратели на азил. Секоја земја треба да развие систем на баратели на азил според интернационалните стандарди. Ова е првото нешто. Но, само систем за баратели на азил не е доволно за де подобри заштитата на бегалци. Многу е важно да се има ова, придружено со ефективен систем на интеграција. Систем за баратели на азил прво, им треба правен статус, но, потоа, треба да им се овозможи интеграција во општеството и да можат да се осигураат дека можат да придонесат за ова општество. Тоа е најважната работа. Но, исто така, важно е да се има ефективни политики за миграции кои што ќе осигураат дека безбедноста постои. Како и да е, системот треба секогаш да биде свесен за пресретнување на очекувањата и потребите на луѓето кои што се принудени да ги напуштат границите на својата држава.

Како останатите чинители и секој од нас може да придонесе за заштита на бегалците?

Сите работи се одвиваат паралелно. Не можеме да зборуваме за заштита на бегалци и одговорноста да се стави исклучиво на владите или парламентите, туку тоа е задача за целото општество. Многу е важен вистинскиот начин на размислување. Негативен наратив во однос на бегалците не е од голема помош. Прво и основно, многу е важно луѓето да се едуцираат што значи да се биде бегалец, зошто луѓето стануваат бегалци, како и да се отстранат стереотипите. Бегалците се луѓе, половина од нив се жени и деца, и доколку тие се прашуваат, никогаш не би заминале од својата земја, сѐ уште би биле таму и би живееле нормален живот, бидејќи тоа се луѓе како вие и јас. Тие се нашле во несреќна ситуација, можеби имало војна или нешто друго што ги натерало да избегаат од нивната земја и да бараат заштита во друга. Затоа треба да се разбере што стои зад зборот бегалец, тоа се деца бегалци, жени бегалци и мажи бегалци. Тоа се луѓе како и сите ние.

Каква е ситуацијата кај нас, дали македонските граѓани ги прифаќаат бегалците или сѐ уште постојат стереотипи?

Стереотипите постојат насекаде, но, мислам дека климате се менува, времињата се менуваат, и имаме многу надеж во младите генерации. Луѓето сега се поинформирани, сѐ повеќе едуцирани, повеќе патуваат, повеќе се запознаени со различностите, и исто така, се повеќе наклонети кон препознавање и прифаќање на тие различности и заедно да работат кон подобро општество и подобар свет. Ова е сонот на Агендата 2030.

Кога сме кај Агендата 2030, УНХЦР има многу активности на оваа тема, една од нив е Глобалниот договор за бегалци, а другата е Глобалниот форум за бегалци. Дали можете да ни појасните што истите претставуваат?

Самиот збор кажува сѐ – Глобален договор – за тоа се работи. Кај Глобалниот договор за бегалците, земјите-членки на Генералното Собрание на ОН сакаа да ја постигнат целта преку еден сеопфатен договор заради изнаоѓање решенија за присилно раселените лица и бегалците. Зошто? Бидејќи гледаме дека бројот се зголемува, и кога зборуваме за решенија, начинот на кој сме разговарале на оваа тема досега не е доволен. Бидејќи има сѐ повеќе конфликти и сѐ повеќе бегалци, а од друга страна, не гледаме доволно решенија. Затоа, Глобалниот договор за бегалци сака да го стави фокусот на фактот дека треба да ги удвоиме напорите, треба да работиме заедно, многу повеќе, многу подобро, и на поефикасен начин, за да најдеме решенија за бегалците. Една друга важна информација кажува дека мнозинството од бегалците, спротивно на тоа што го мислат луѓето, се сместени во земји со ниски и средни приходи, а не во богати држави. Не сите бегалци одат во западните земји. Најголем број од бегалците се сместени во земји си низок и среден приход. Затоа не е фер овие земји да ја преземат одговорноста за бегалците. Ова е глобално прашање. Секоја држава е повикана да ја преземе одговорноста за да се унапредат решенијата за бегалците.

Што претставува глобалниот форум?

Глобалниот форум е местото каде сите држави, но не само држави туку и граѓанско општество, академската заедница, различните компоненти на општеството се среќаваат и кажуваат што би направиле за да се унапреди заштитата на бегалците и решенијата за бегалците. Првиот форум се одржа по усвојувањето на Глобалниот договор за бегалци во 2019 година, и во таа прилика, државите и различните субјекти се заложија за повеќе иницијативи поврзани со унапредување на заштитата на бегалците и солидарноста. Четири години подоцна, во декември 2023 година ќе се одржи вториот Глобален форум за бегалци. На овој форум ќе се направи преглед на направениот напредок во однос на заложбите дадени пред четири години и ќе претставува можност за промовирање на нови заложби. Сепак, многу е важно да се спомене дека не се работи само за креирање на добри закони, туку за унапредување на глобалната солидарност.

Покрај тоа, бездржавноста (апатридијата) е едно прашање кое УНХЦР помага да се искорени. Каква е ситуацијата на ова поле?

Прашањето поврзано со лицата без државјанство е многу важно за мене. Лицата без државјанство се всушност лица без документи, без извод од матична книга на родени, лична карта, така што формално и официјално тие лица не постојат. Ова што според мене е човечка трагедија, бидејќи е незамисливо како може да изгледа животот на лице кое нема идентитет според закон. Скоро е невозможно да се помисли што тоа значи, бидејќи луѓето се наоѓаат во најголем степен на ранливост. Не се работи само за немање пристап до одредено право. Замислете да немате пристап до ниедно право – да немате право да одите во здравствена установа, да одите во училиште, па дури и ако одите на училиште да немате можност да ги добиете соодветните потврди, да немате право да гласате, работите, да се венчате, па дури и да умрете. Ова е незамисливо и би кажала дека ова е навистина еден голем приоритет. И ова не го мислам само јас, туку и генералниот секретар. Ова не беше само дел од Агендата 2030, туку имајќи го предвид степенот на ранливост, а голем дел од нив се деца, генералниот секретар побара да се предвиди еден краен рок, односно постои глобален план и рок да се стави крај на бездржавноста во светот до крајот на 2024 година.

Македонија има напредок на ова поле бидејќи неодамна беа усвоени измените на Законот за матична евиденција. Што е променето со тоа?

– Сѐ уште не сме престанале со славењето, особено во УНХЦР, имајќи предвид дека бездржавноста е дел од нашиот мандат. Не е само УНХЦР, туку сите агенции на ОН, граѓанските организации, меѓународните организации (ОБСЕ, Совет на Европа), сите претставуваат една голема коалиција. Собранието ги усвои измените кои овозможуваат решавање на сите регистрирани случаи на бездржавност. Тоа е еден од двата услови за да се каже дека една држава го решила прашањето на бездржавност – прво да се решат сите регистрирани случаи. Втората работа е да се има законска рамка, односно систем за превенција од идни вакви случаи. Ова историско постигнување што се случи пред неколку дена ја стави Северна Македонија на вистинскиот пат кон решавање на сите случаи до крајот на годинава па дури и пред тоа и да биде првата земја во Европа што ставила крај на бездржавноста и втора во светот. Ова е создавање историја за земјата, но, уште поважно, ова претставува пресврт во животот на луѓето без извод или лична карта. Сите сме среќни поради нив.

На самиот крај, може ли да ни кажете кој е советот на УНХЦР за намалување на бројот на бегалци, кои се активностите што ги преземате?

Би сакала одговорноста за намалување на бројот на бегалците да падне на УНХЦР, но тоа не е така. Она што би направило голема разлика е она што го кажав претходно – запирање на конфликтите. Тоа е најважно. Како што споменав, 52 проценти од присилно раселените лица произлегуваат од само три конфликти. Улогата и мандатот на УНХЦР е да биде секогаш подготвена да ја следи состојбата но и да ги поддржува владите и сите вклучени чинители во воспоставување на системи за почитување на сите меѓународни стандарди, норми и гаранции. Многу е важно да се бараат решенија и да се биде поефективен во изнаоѓање решенија за бегалците.

Ангела Рајчевска

Фото: Форсина Насковиќ

Видео и монтажа: Андреј Бранковиќ

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ