• Latest

Санела Шкриељ и Марија Кочовска се новите пратенички во Собранието

January 25, 2022

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Санела Шкриељ и Марија Кочовска се новите пратенички во Собранието

January 25, 2022 15:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК едногласно го донесоа Предлог-финасискиот план за распределба на средства во Државната изборна комисија за 2022 година. Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху појасни дека како и секоја година, така и оваа ДИК ќе носи финансиски план врз основа на средствата што се доделени во буџетот на државата. Информира дека во финансискиот план се предвидени тековното работење на ДИК, платите на вработените, плаќање на електрична енергија, греење, комунални такси, поштенски услуги, горива…

На седницата беше разгледана и усвоена Предлог-одлуката за висината на благајничкиот максиум за 2022 година. Членот на ДИК Радица Ристеска образложи дека со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максиум за 2022 година во износ од 300.000 денари, исто како и минатата година. Оваа одлука ќе се применува од 1 јануари 2022 година, пренесува информативната агенција МИА.

На седницата едногласно беше усвоен предлогот на Борис Кондарко да се разгледа одлука која, како што рече, се однесува за примената на Правилникот по кој се исплатени надоместоците за време на изборен процес за вработените во стручната служба на ДИК. Целта на оваа одлука е да се допрецизира содржината, видот и опфатот на веќе исплатените надоместоци по Правилникот за локалните избори, односно појаснување за што се однесуваат надоместоците за стручната служба.

Тој исто така предложи да се донесе заклучок писмено да се побара од раководителите на одделенија и сектори да се достават извештаите за примена на постоечките интерни акти и процедури за работа во ДИК, а рокот да биде пет работни дена.

Кондарко предложи и да се донесе заклучок за да почне соодветна постапка за надградба и усовршување на системот за електронска евиденција за редовност на работа во ДИК, преку воведување на фингер-принт апарат. Членовите на ДИК ги прифатија и овие предлози на Кондарко.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ