• Latest

Сарачини бара демант, извинување и повлекување на манипулативните и злонамерните текстови објавени во инфомакс

August 5, 2019

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сарачини бара демант, извинување и повлекување на манипулативните и злонамерните текстови објавени во инфомакс

Предмет: Барање за демант, извинување и повлекување на текстот: „„POKOТ ИCTEЧЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА CУД: Владините ПР советници не се извиниja, јавноста ќе има можност да види како Владата креира „лaжни вecти““, објавен на 4 август 2019

August 5, 2019 21:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До: Infomax.mk и автор на текст Александар Митовски

Јас, Петрит Сарачини, дипломиран новинар, долгогодишен новинар и уредник во повеќе редакции, барам од веб страницата Инфомакс.мк и Александар Митовски, автор на текстот „POKOТ ИCTEЧЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА CУД: Владините ПР советници не се извиниja, јавноста ќе има можност да види како Владата креира „лaжни вecти““, објавен на 4 август 2019 на оваа веб страница (линк до објавата https://infomax.mk/…/poko%d1%82-%d0%b8cte%d1%87%d0%b5-%d1…/…), да го објават овој демант и да го повлечат текстот во кој се изнесува една голема невистина на моја адреса.

Имено, во еден дел на текстот се вели: „„Марјан Забрчанец, ПР советник на Зоран Заев вработен во Владата во април 2017 година бeз официјално високо образование, со завршено средно училиште се дpзнa да дели лекции на медиуми кои со години работат професионално и посветено. За разлика од нас, Забрчанец а заедно со него и Сарачини нeмaaт ниту еден нoвинapcки текст, оттука нeвoзмoжнo е еден среднист бeз cтpyчно oбразованиe, и човек кој во живoтoт нeмa напишано новинарски текст да oбвинyвaaт за „лaжни вecти““. Тоа е клевета со која се повредува мојата чест и углед, со што сметам дека авторот и веб-страницата го прекршиле членот 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

За ваша информација, вистината е дека мојата новинарска кариера ја започнав во магазините „Јета“ и „Зрак“ во 1995 година, бев дел од првата екипа на дневниот весник „Дневник“ во 1996, уредник и новинар во неделникот и весникот „Лоби“ во период од 2001 до 2004 година, како и старт-ап уредник на тријазичниот информативен вебсајт „Пресонлајн“ на оваа куќа во истиот период. Воедно, бев старт-ап уредник и уредник на информативната програма на култното Лајф радио, со кое соработував од 2002 до 2006 година, а бев и старт-ап уредник и одговорен уредник на ТВ21 во 2015 година. Мојата новинарска кариера вклучува и новинарски и уредувачки ангажман во националното радио Канал77, Цивил Медиа, веб страницата за едукација и борба против говорот на омраза „Безомразно.мк“. Во сите овие редакции, имам произведено стотици новинарски текстови, во речиси сите жанрови, вклучувајќи ги објективните жанрови вест, извештај, анализа па и фељтони, како и во субјективните новинарски жанрови – коментар, колумна, цртичка, козерија, сатира. Моите колумни се објавувани во весниците „Лоби“, „Слободен печат“, „Коха“, сајтовите „Плусинфо“, „Цивилмедиа“ и други.

Жалам што не се обидовте да контактирате со мене, или со колеги од сериозни и кредибилни медиуми со кои сум соработувал, кои би можеле да ви кажат малку повеќе за моите новинарски производи и новинарска кариера, без ниедна дамка. Вие тоа не го направивте, туку објавивте нешто што е целосно неточно, а што сметам дека сериозно го нарушува мојот углед во јавноста и личното достоинство.

Затоа, согласно членот 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, барам овој демант да го објавите во целост, да се извините за изречените невистини на моја адреса, и да го повлечете овој текст. Доколку тоа не го направите, ќе бидам принуден да ги употребам другите механизми од Законот и да започнам судска постапка за клевета, за да го заштитам моето достоинство и углед во јавноста, кој е нарушен со објавување вакви невистини.

Петрит Сарачини, 
дипломиран новинар на Правниoт факултет „Јустинијан I” Скопје, отсек новинарство

Share136TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ