На панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, Петрит Сарачини од ЦИВИЛ ја начна темата за промена на начинот на гласање, односно можноста за воведување на електронско гласање или по пошта.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, реплицираше дека решенијата како електронско гласање и слично е далеку од остварување затоа што ние во Македонија сѐ уште се бориме како да го идентификуваме гласачот.
„Не мораме да гласаме електронски од утре, но можеме да размислиме барем да го прошириме физичкиот пристап на гласање. Дали преку дополнителни денови за гласање, повеќе часови, простории што ќе можат да се користат, а се надвор од училиштата… Се надевам дека ќе помине пандемијата па ќе се користат за учење… Гледаме во други држави дека има можности, не само преку електронско гласање или преку пошта, туку и други можности, не само еден ден, 12 часа. Мислам дека можеме да направиме чекор повеќе во тоа“, одговори Петрит Сарачини.
Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети