„Преку овој Фестивал, но и преку она што го прави ЦИВИЛ со години наназад и што го прави секојдневно, се обидуваме да овозможиме платформа за сите вас да го кажете своето мислење, да го понудите вашето знаење, да ги понудиме нашите размислувања за решенијата и да учестуваме активно во градењето на нашата иднина. Што повеќе простор зазимаат активните граѓани, сè помалку простор ќе им се остави за манипулација и игра на сите останати актери што реално владеат и раководат со нашите животи. Сè додека граѓанинот молчи, институциите, партиите, центрите на економска моќ… ќе имаат повеќе можности да го прават тоа што го прават не во интерес на општото добро туку за свој личен, парцијален, групен интерес“, истакна Петрит Сараини, активист, новинар и програмски директор на Фестивалот на слободата.
Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ своето финале го имаше на Меѓународниот ден за човекови права, 10 декември, кога се одбележа и 20 годишнината на ЦИВИЛ. Сарачини своето обраќање го заврши со прформанс во кој интерактивно учествуваа сите присутни на Фестивалот.
Б. Ј.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети