Се занимавам со лажните вести и дезинформациите и се обидуваме преку „Кратки нозе“ на публиката да и предочиме дека тоа што излегува во медиумите не секогаш е вистина и да има критичка визура и да ги прима медиумските содржини повнимателно, да бара повеќе извори за да дојде до вистината, изјави во Утрински брифинг, новинарот и дел од Цивил, Петрит Сарачини.
Кампањата личи на предизборните кампањи што ги имаме години наназад. Почна предвреме. Политичките партии се активни од минатата година, промовирање на нивните политики, но најмногу на оцрнување на политичкиот противник. Тоа е хронична болест на нашето општество – се потпишуваат Кодекси за фер избори, фер натпревар, но за жал гледаме дека не се почитуваат. Тоа малку личи на лицемерие на политичките партии – штом не го додржуваат зборот на еден пишан документ, кога тоа не се почитува и се третира како тоалетна хартија, мислам дека тоа треба да се смени. Притисокот може да дојде само од граѓаните, политичките партии нема сами да се сменат, вели Сарачини.
Целиотразговор може да го погледнете во видеото.