• Latest

Сатирична измислена изјава на Ковачевски, се споделува на Фејсбук и Твитер како вистинска

October 25, 2022

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Сатирична измислена изјава на Ковачевски, се споделува на Фејсбук и Твитер како вистинска

October 25, 2022 13:46
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во постот што се шири на Фејсбук не е посочен линк до насловот што се споделува, а во кој се вели: „Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем“. Вистиномер го пронајде написот во којшто најдолу со големи црвени букви е обележано дека се работи за сатира. Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па  ја презентирал оваа содржина како да се работи за вистинита изјава на Ковачевски. Постот привлекол големо внимание,а според коментарите повеќемина поверувале во напишаното, објави Вистиномер.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од премиерот Димитар Ковачевски, со негова наводна изјава, односно од насловот на споделената фотографија се добива впечаток дека станува збор за негова изјава. На фотографијата прикажана во склоп на Фејсбук објавата пишува:

Ковачевски: Ќе се смени законот за брак, секој ќе може да има по две жени без проблем

Во самиот пост, пак, е наведено:

Ами жените може ли да имаат по двајца мажи? Има ли некој со мозок во СДСМ?
Во постот не се дава линк до споменатата медиумска содржина, но Вистиномер го пронајде написот од кој што е извадена фотографијата и најдолу од текстот,  е обележано дека се работи за сатира. На крајот од самиот напис со големи црвени букви е испишано:

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

Во постот што го рецензираме пак, споделена е само фотографија, а не линк до целосниот напис, па не може да се дојде до ова укажување во текстот, од кое што би станало јасно дека не станува збор за вистинита медиумска содржина базирана на дадена изјава, туку се работи за измислена сатирична објава.
Од самиот опис на постот, се добива впечаток како авторот да не сфатил дека станува збор за сатира, па  ја презентирал оваа содржина како да се работи за вистинита изјава на Ковачевски. Постот привлекол внимание има над 70 реакции, а според коментарите повеќемина поверувале во напишаното.

Меѓутоа, наспроти впечатокот кој го оддава постот, премиерот Ковачевски никогаш не ја дал оваа изјава дека ќе се менува законот за брак. Закон за брак во Република Северна Македонија не ни постои, туку неговиот правен назив е Закон за семејство. Според овој Закон, во Р. С. Македонија се уредуваат бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето како и постапката пред судот во брачните спорови.

Членот 6 од Законот за семејство посочува дека бракот е со закон уредена заедница на живот на мажот и жената, во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.

Во вториот дел од Законот за семејството, во којшто се уредува бракот и склучувањето на бракот, како услов за склучување и полноважност на бракот во членот 15 се наведува дека „брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред надлежен орган, на начин определен со закон“. Членот 17 од истиот Закон, е дециден дека:

Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане.

Оттаму, во Република Северна Македонија не е дозволено едно лице истовремено да биде во повеќе бракови.

Исто така, кај нас воопшто не се расправа за тоа да се промени законот за брак, како што се нарекува Законот за семејство во постот што го рецензираме, ниту пак, премиерот Ковачевски изјавил дека „секој ќе може да има по две жени без проблем“. Во конкретниот случај, се работи за сатирична измислена изјава на Ковачевски, којашто во овој пост на Фејсбук е споделена како вистинска.

извор: ВИСТИНОМЕР

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ