• Latest

Шилегов: Финално решение за бездомните животни во јануари

December 11, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шилегов: Финално решение за бездомните животни во јануари

December 11, 2017 17:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По случајот со нападот врз деца во Аеродром од куче, раса ротвајлер, пуштено од сопственикот, се крена голема паника кај жителите на Скопје.

Како резултат на случката, многу граѓани почнаа јавно по социјалните мрежи да се организираат за масовно труење на бездомните животни.

Според информациите што кружат, низ цела територија на град Скопје е расфрлан отров кој е забранет за продажба веќе неколку години, но сепак лесно може да се дојде до него по други канали.

Петре Шилегов денеска на прес-конфернција изјави дека Градот Скопје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, веќе работи на изнаоѓање на системско решение за превенции и спречување на инциденти поврзани со напади на граѓани од кучиња без разлика дали е улично или куче што има сопственик.

Шилегов истакна дека проблемот ќе го решаваат преку обезбедување и контрола на бројот на  уличните кучиња по пат на хумано и одговорно времено стационирање на животните.

„Градот во минатиот месец во соработка со три здруженија за заштита на животните формираше работна група за следење на состојбата на работата на стационарот Вардариште и хуманиот третман на уличните кучиња. Ова група веќе изработи извештај со препораки за трајно решавање на проблемот.

Препораките на овој извештај  заедно со препораките на АХВ ќе влезат во програмата и буџетот на градот. Овие решенија ќе ја зголемат безбедноста на граѓаните и на кучињата“, изјави Шилегов.

Шилегов рече дека според информации на Град Скопје, само две пријави се доставени до МВР за отруени кучиња во Карпош и за двајца осмничени што фрлале отров.

„До крајот на јануари се очекува финално решение за проблемите, а пак чипирањето на кучињата ќе ни помага во понатамошното расправање со проблемот“, истакна Шилегов.

Здруженијата за заштита на животните апелираат до сите граѓани да не фрлат отров бидејќи е опасен за децата што се играат во парковите, најчести локаци за фрлање на отровот.

Златко Марин, градоначалник на Аеродром и Саша Богдановиќ, на Центар, на нивните фејзбук профили, јавно апелираа граѓаните да не преземаат ништо на своја рака.

Богдановиќ ги повика граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје да се јават на телефонските броеви 070 424 685 и 075 437 068. Тој исто така, им се придружи и на активистите што до доцна вечерта во населбата Капиштец го собираа расфрланиот отров од јавните површини.

Вулнет Махмути

Tags: акцијаапел труењебездомни животниПетре Шилегов
Share213TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ