• Latest

Шилегов: Интензивно чистење на улиците за намалување на аерозагадувањето

January 10, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шилегов: Интензивно чистење на улиците за намалување на аерозагадувањето

January 10, 2018 15:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

– Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска информира дека во рамки на интервентните мерки за загадувањето, јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило почнуваат со интензивно чистење на улиците.
Акцијата, како што кажа, почнува во Шуто Оризари, Чаир и Бутел, каде ќе се спроведува во наредните три дена, а потоа ќе продолжи во Аеродром и Гази Баба, како пет општини кои се меѓу најзагадените во Скопје.
– Прашината што се наоѓа на улиците во нашиот град, која долги години порано не била исчистена или миена, интензивно ќе ја тргаме од улиците како дел од интервентните мерки,
потенцира Шилегов.
Тој додаде дека чистењето на град Скопје е нивна постојана обврска и потсети дека изминатата есен имаа голема акција за чистење која ќе продолжи и на пролет.
– Аерозагадувањето е проблем со кој се соочуваме секојдневно. Секој од нас, ние како инситуции и граѓаните треба на свој начин да дадеме придонес со цел да ја подобриме состојбата на амбиенталниот воздух во Скопје. Во оваа акција јавните претпријатија на Град Скопје учествуваат со целокупниот човечки и технички потенцијал кој го имаат и ќе трае се додека временските прилики ни дозволуваат да ја извршуваме оваа активност, независно од тоа дали во меѓувреме ќе бидат укинати алтернативните мерки, рече Шилегов. Шилегов потенцира дека алтернативните мерки ќе траат се додека не добијат друго упатство од Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Дали ќе траат еден или пет дена не зависи од нас, туку од тоа каква ќе биде состојбата на
воздухот, рече Шилегов.
Во овие два дена додека има бесплатен автобуски превоз, како што кажа, се вози со автобусите на ЈСП Скопје.
– Денеска изутринава дојдов со автобус до местото каде имав состанок, а потоа на прес-конференција додјдов со електричното возило што го користам во текот на денот, рече Шилегов. Одговорајќи на новинарско прашање појасни дека имало Албанци што биле именувани за членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

– Видовте дека и во ЈП Паркови и зеленило и Комунална хигиена се именувани Албанци. Стереотипите за определена етничка припадност на определени луѓе ја имаме надминато. Нам ни се потребни луѓе коишто ги исполнуваат квалификациите и законскиот минимум за да може да бидат именувани. Нас не не интересира останатиот дел. Важно е човекот кој треба да биде именуван дали за директор или за заменик директор да ги исполнува законски предвидените услови, посочи Шилегов и додаде дека очекува на јануарската седница на Советот да се заврши и преостанатата работа. Скопскиот градоначалник информира дека улицата „Македонска косовска бригада“ ќе биде решена заедно со тунелите под Кале и со мостовите преку Вардар кои треба овој дел од градот да го поврзат со остатокот од Скопје. Прашан дали имало тендер и за цената за превозот на учениците кои беа вклучени во бадниковите повороки во Скопје, Шилегов рече дека се работи за утврдена цена која ЈСП Скопје ја нуди кон трети лица и таа, како што рече, е во рамки на она што е утврдено од страна на управниот одбор на ЈСП Скопје и на Советот на Град Скопје.
– Тендер има кога ЈСП набавува, а не кога дава услуга. Услугите се даваат под дадена услуга,
рече Шилегов.

извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: аерозагадувањеГрад Скопјезагаден воздух
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ