• Latest

Шилегов: Изборот на членови на управни и надзорни одбори во Град Скопје е законски

March 5, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов: Изборот на членови на управни и надзорни одбори во Град Скопје е законски

March 5, 2018 13:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов денеска рече дека луѓето кои беа изгласани за членови на Управни и надзорни одбори се познати и ги задоволуваат законските стандарди. 

– Станува збор за промена на партиските кадри и инсталации кои ВМРО-ДПМНЕ ги имаше инсталирано во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и институциите кои се под ингеренција на Град Скопје. Во одлуката, која ја носеше Советот на Град Скопје, првпат се случи професионалната админстрација, дел од Град Скопје да земе учество во надзорните и управните одобри. Очигледна е нивната болка што повеќе не се фактор за носење стратешки одлуки во Градот, изјави Шилегов пред почетокот на првата вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Импутирањата за некави незаконитости и недоследности, како што рече, не се ништо друго туку ширење на лажни вести, евтин популизам, промоција и продолжување на примитивизмот во политиката.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ викендов и денеска се обидува да ја дефокусира јавноста од одлуката донесена на минатата седница. Конечно од 1971 година, како што рече, првпат комплексот на Железарница Скопје ќе почне да плаќа вода.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје денеска повторно обвини дека се именувани над 100-тина членови на Управни и надзорни одбори, спротивно на законот.

– Нашиот сомнеж за незаконското делување го темелиме на фактот дека тие одбиваат транспарентност и објавување на биографиите на луѓето кои се назначени за членови на одборотие. Од информации од медиумите  веќе е познато дека меѓу лицата има партиски функционери на СДСМ, лица вработени во Град Скопје, Владата и кабинетот на Заев, а се сомнични дека меѓу нив има и лица гонети за тешки кривични дела, изјави советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Јелена Жугиќ.

Според неа, Шилегов и Јанчева се ставаат над законот, протуркувајќи скандалозни предлози. Шилегов, како што рече, ветуваше професионализација на институциите, а се добија целосно партиски институции, неефикасни во своето делување.

Советниците во Советот на Град Скопје на денешната прва вонредна седница ги усвоија измените и дополнувањата на програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје и програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиство, угостителство и трговија во Град Скопје, и двете за 2018 година.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Град СкопјеПетре Шилеговреакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ