• Latest

Шилегов се сретна со пазарџиите и продавачите на дивите тезги на Бит-пазар

April 3, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов се сретна со пазарџиите и продавачите на дивите тезги на Бит-пазар

April 3, 2018 16:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците на Град Скопје и наопштина Чаир, Петре Шилегов и Висар Ганиу, заедно со претставници од „Скопски пазар“ А.Д Скопје и еснафи од Старата скопска чаршија денеска се сретна со пазарџиите што продаваат стока на незаконски поставените тезги во близина на Бит-пазар.

Во присуство на над 50 продавачи, информираат од Градот, се разговараше за планот и претстојните активности на Град Скопје за уредување на пазарот и за урбанизирање на јавните површини по должината на булеварот „Крсте Мисирков“.

– Дојдовме да поразговараме со вас и заедно да најдеме решение. Хаосот на Бит-пазар кој е долгогодишен проблем мора да се реши. Град Скопје реши да го уреди овој дел од градот, а за таа цел на овој потег ќе се реконструираат тротоарите, ќе се постават столпчиња и жардиниери, ќе се уреди такси-станица, ќе се засадат дрвореди, реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата и ќе се ослободат тротоарите од дивопоставените тезги, рече Шилегов на средбата со пазарџиите.

Тој нагласи дека на им сенудат бесплатни тезги за два месеца на пазарџиите што ќе влезат во пазарот и ќе продолжат да работат на тие тезги.

– Со вашето влегување на пазарот сите ќе бидете еднакви, со еднакви услови за работа. Отворено кажувам дека еднакво внимание ќе укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде, посочи Шилегов, нагласувајќи дека станува збор за предизборен договор и обврска за избраните градоначалници и премиерот.

По уредувањето на јавните површини кај Бит-пазар, додаде, ќе се уредуваат и другите влезови кон чаршијата од плоштадот „Скендербег“ и од кај црквата „Свети Спас.“

Градоначалникот Ганиу на пазарџиите им гарантираше тројно повеќе посетители ако се воспостави ред на Бит-пазар.

– Не сакаме никого да оставиме без работа или да го спречиме да си ја продава стоката, затоа предвидуваме транзициски период со бенефиции за да може секој да се снајде, рече Ганиу.

Пред средбата, на пазарџиите им се делеа летоци со информативна содржина за плановите на надлежните институции и за можноста овие луѓе да склучат договори со „Скопски пазар“ А.Д Скопје.

Имајќи целосно разбирање дека  вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот,

Град Скопје во соработка со „Скопски пазар“ обезбеди на трговците кои работат на нелегално поставените тезги во близина на Бит-пазар да им бидат понудени на користење тезги во рамките на пазарот под поволни услови. Тие треба да склучат договор со „Скопски пазар“ А.Д Скопје, но претходно да се јават на телефонскиот број 02/3111 880.


извор: МИА

Tags: Бит-ПазарпазарџиисредбаШилегов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ