• Latest

Што по бранот оставки во ДКСК?

March 8, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Што по бранот оставки во ДКСК?

March 8, 2018 09:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се комплетираат оставките во Државната комисија за спречување на корупција, јавува МИА. Во понеделник првата оставка ја поднесе поранешниот претседател, Горан Миленков, по него следуваше оставката на сегашниот претседател на ДКСК Игор Тантуровски, а вечера и членовите  Сејди Халили, Фарие Алиу и Жаклина Дамчевска.

Остануваат уште двајца членови на ДКСК  м-р Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски, од кои исто така се очекува да поднесат оставка.

ЦИВИЛ излезе со информации базирани на конечниот ревизорски извештај на УЈП според кој можат да се утврдат коруптивните елементи на Антикорупциска.

Според извештајот, што се однесува на процесот пресметување и исплата на платите и другите надоместоци на избраните и именувани лица и државните службеници, на одговорност се повикуваат и Софка Пејговска Дојчиновска, Државен секретар до 18. септември 2016, Розета Трајан, Државен секретар од 19 септември 2016, Даниела Трајчевска, раководител на одделение за финансиски прашања и Сатула Суљимани, советник.

Со оставките не би смеело да заврши процесот на прочешлување и разоткривање на корупцијата во ДКСК. Она што се очекува во следниот период од надлежните институции е истрага колку длабоки се корените на корупцијата и кој и како ќе одговара за злоупотребите на службената должност во ДКСК.

Оставките не треба да останат само на честитки од Владата и долгометражна истрага на Јавното обвинителство, туку целосна одговорност и санкционирање на оние што евидентно вршеле корупција.

По оставките, според законот, членовите на ДКСК можат да поднесат барање за апанажа. Во тој случај одлуката ќе ја донесе Комисијата за прашања за избори и именувања. Пулсот на јавноста укажува да не се повтори истата грешка како со ДИК. Овој пат има доволно индиции за негативен одговор од Комисијата.

Б.Јордановска

 

 

Tags: ДКСКодговорностоставки
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ