„Слободата на изразување некој ни ја забранува затоа што им смета нашето изразување. Веднаш те гледаат попреку ако кажеш нешто што не им одговара и на едната партија и на другата. Сите се исти во нивното владеење“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, велешанецот Трајче, таткото на актерот, Васил Зафирчев.
Тој додава дека е член на СДСМ, меѓутоа сега не е како што било порано кога го викаа на состаноци, каде што се дебатираше за одредена тема. Во последните 5-6 години престанаа да го канат на партиски состаноци.
„Сега се прават чистки во градот, лудо. На син ми, актерот Зафирчев, кој е во велешкиот театар, му прават невидени притисоци, бидејќи нема партиска книшка, ни од едната ни од другата партија. Тоа се тие луѓе штом им дадеш власт ќе ги видиш кои се“, истакна Трајче.
Тој вели дека на 68 години претрпел сè и сешто, останал и без работа во време на транзициите и затварањето на фирми, па морал приватно да работи.
„Никој не ти плаќа, па потоа одиш со палки да се тепаш со газдите да ти ги даде парите што си ги заработил… Немаме заштита никаква. Сега дочекав пензија и не ме интересираат многу работи!“, додава тој.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.