Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог – законот за енергетика во второ читање и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи во прво читање.
Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи две седници. На првата седница ќе биде разгледан Извештајот на Законодавно правната комисија по Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во второ читање, а на втората ќе се одржи јавна расправа на тема „Потребата од заедничко родителство во Република Македонија, после развод и разделба“. (МИА)