• Latest

СДСМ ја губи коалициската „база“: И ДОМ ќе се допише на листата независни

February 24, 2021

Избор за претседател на ДКСК

November 21, 2025

Нема мир без правда, нема Европа без Украина

November 21, 2025

Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

November 20, 2025

Евроатлантските ветрови ги заладија односите меѓу Москва и Подгорица

November 20, 2025
Петар Арсовски, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург (фото: Б. Јордановска)

Арсовски: Судењето за трагедијата во Кочани може да стане уште поголемо и покомплицирано

November 20, 2025

Косово со нови праламентарни избори на 28 декември

November 20, 2025
Фото: Кабинет на претседателот на Украина

Ројтерс: Зеленски го доби американскиот план, ќе разговара со Трамп

November 20, 2025

Во што се состои „мировниот план од 28 точки“ за Украина?

November 20, 2025

Косовската Радио Телевизија во знак на протести нема да емитува секој ден по два часа, најавен и генерален штрајк

November 20, 2025

Суспендирана албанската вицепремиерка Белинда Балуку поради истрага за спорни тендери

November 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

СДСМ ја губи коалициската „база“: И ДОМ ќе се допише на листата независни

February 24, 2021 16:15
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Малите коалициски партнери на СДСМ еден по еден се „осамостојуваат“, но најавуваат продолжување на соработката и поддршка на коалицијата „Можеме“, која го има парламентарното мнозинство. Во иднина БЕСА, ЛДП и Демократскиот сојуз, самостојно да делуваат во Собранието, а такви најави доаѓаат и од Движењето за обнова на Македонија.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, за „Слободен печат“ вели дека во стратешкото планирање на партијата е и самостоен настап на локалните избори.

– Уште минатиот мандат, тогаш со претседателката Лилјана Поповска, бевме независни пратенички, но како дел од Коалицијата предводена од СДСМ. Заедно со Мирослав Богдановски и сега сакавме да ја продолжиме истата практика. И така сме  договорени со СДСМ. Но, поради состојбите поврзани со пандемијата со коронавирусот, во насока на подобра ефикасност во работата на Коалицијата, настапувањето како независни пратеници го оставивме за понатаму. Секако, остануваме дел од Коалицијата „Можеме“ – рече Морачанин.

Според политикологот Марко Трошановски од Институтот за демократија,  станува збор за политички прагматичен чин на коалициски партнери кои биле проголтани од СДСМ, затоа што сите станале „невидливи“.

– Сите потврдија дека остануваат во Коалицијата „Можеме“, дека таа е стабилна и таквиот чекор во пресрет на локалните избори го направиле поради  поголема видливост. Не верувам дека има криза во Коалицијата. На овој начин помалите партнери си ја креваат преговарачката цена. Ова се чисто партиски калкулации. За поголема видливост и рејтинг, надвор од Коалицијата – вели Трошановски.

За Александар Кржаловски од МЦМС, пак, ова се сигнали дека нешто не е во ред во владината коалиција и дека на некој начин помалите партии си создаваат позиции за евентуални предвремени парламентарни избори.

– Тоа што повеќе партии во исто време објавуваат самостоен настап во Собранието, укажува и на нивната проценка дека генерално, Владата не се справува добро со предизвиците. Очигледно е дека за БЕСА внесувањето на националноста во личните карти е коалициски договор што СДСМ треба да го исполни, за да ја задржи во коалицијата. За останатите можеби е тоа незадоволството од справувањето со ковид-кризата или, пак, спорот со Бугарија. Сите тие гледајќи го тенкото собраниско мнозинство, веројатно се обидуваат да „ќарат“ повеќе во рамките на коалицијата, вели Кржаловски.

Претседателот на ДС, Павле Трајанов, освен самостоен настап во Собранието, најави и формирање пратеничка група. Според него, коалициското делување е стабилно. И претседателот на ЛДП Горан Милевски смета дека со самостоен настап пратениците Боби Мојсоски и Моника Зајкова ќе можат да станат „повидливи“ и да ги реализираат партиските идеи и ставови. Четворицата пратеници на Беса самостојно дејствуваат речиси од почетокот на формирањето на парламентарното мнозинство.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Глобус

    Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ