Да се сочуваат што повеќе работни места, да се помогне на секоја компанија и на секој еден граѓанин, е единствената цел на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.
Со новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија.
Компаниите ќе може да аплицираат за овој кредит од 29 април.
Минимален износ на кредит е во висина од 3.000 евра и може да аплицираат и фирми коишто имаат помалку од петмина вработени, додека максималниот износ на кредит изнесува 90.000 евра.
Економските мерки на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, ќе помогнат полесно да се преброди здравствено економската криза со којашто се соочија сите граѓани.
Во тек е реализацијата на14 500 денари месечно по вработен, помош за спортисти и уметници од 14 500 денари како и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата. Се сопре Законот за извршување до крајот на јуни, а се забрани и отворање на стечајна постапка.
Никој не е сам во овие тешки моменти и заеднички ќе го изодиме овој тежок пат, се вели во соопштението од СДСМ.