Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, на прес конференција ја изнесе реакцијата на СДСМ по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за интерпејација на министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
-Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само неодговорно, деструктивно однесување на штета на јавното здравје, на штета на здравствениот систем.
Тоа незрело, неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со конструирани случаи и денешното барање за отповикување на министерот за здравство доктор Венко Филипче.
Очигледно е дека Христијан Мицкоски и останатите функционери на ВМРО-ДПМНЕ се патолошки опседнати со провизии.
Нема друго логично објаснување за нивното упорно ширење лажни вести. Изгледа се уште живеат заглавени во филмот на нивниот режим, кога речиси и да не постоеше јавна набавка во која не постоеше провизија за „фамилијата“ и ВМРО-ДПМНЕ.
Кога во светот буквално се води трговска војна да се обезбедат вакцини, ВМРО-ДПМНЕ заради тесно партиски интереси, свесно и со умисла му наштетува на угледот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините и со тоа намерно ги одвраќа економските оператори да бараат легални канали и да лобираат за земјата побрзо да обезбеди доволна количина вакцини за масовна имунизација на населението.“ изјави меѓу другото Коциќ.