СДСМ за денешните чествувања на Илинден испраќа три делегации, Крушево, Пелинце и Скопје, соопшти владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ најаввија дека сепак одат со делегација во Крушево, но не и на централната прослава закажана за 18 часот.
СДСМ ќе испрати свои делегации на трите локации каде што се чествува Денот на Републиката, во Крушево, Пелинце и Скопје. Делегацијата во Пелинце ја предводи заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, таа во Крушево ја предводи членот на ИО, Димитар Ковачевски, а делегацијата во Скопје ќе ја предводи д-р Милена Стевановиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Во делегациите се и пратеници и други високи функционери од владејачката партија, соопшти СДСМ.
Во Крушево сепак ќе има делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Таа како и изминатите години ќе биде предводена од потпретседателот Александар Николоски, но нема да присустува на централното случување кое е закажано за 18 часот. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево во 11:30 часот ќе положат цвеќе на гробот на Никола Карев, а потоа во 12:15 часот ќе положат цвеќе на споменикот на месноста „Слива“, соопштија од партијата.