Во моментот полиција го опколи домот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во скопско Козле, бидејќи ОЈО даде налог за нејзино апсење.
Јанева во текот на вчерашниот ден даде исказ како сведок за потребите на истрагата „Рекет“, но од денеска нејзиниот статус е сменет во осомничена.
Утринава Јанева воопшто не се појавила во просториите на СЈО, по што следуваше апсење во нејзиниот дом.