Миле Јанакиески денеска не се појави на рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ бидејќи полицијата не можела да го најде во неговиот дом, кадешто пред неколку недели ја отслужуваше казната домашен притвор.
Полицијата го бараше низ градот, по пазари, по кафиќи и ги провери сите гепеци од паркираните возила низ градот. Од „Миле ми текна“ ни трага, ни глас. МВР издаде потерница по Јанакиевски, и награда од 10.000 евра и бесплатен одмор во Мариово за пронaјдувачот.
Потпаролот на МВР во специјална изјава за нашата и вашата медиумска пропаганда изјави дека доколку ваквата потрага не вроди со плод, истрагата ќе пристапи кон летање на Јупитер!
Шеќеринка Сеирџиоска
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна