Годинава комарците буквално ни ја исцицаа крвта, чиниш се некои потомци на Дракула. Неспособноста на мајката на Градот да се избори со овие мали крвопијци ја натера Владата да креира работна позиција Национален координатор за борба против комарците.
„Злите јазици ќе кажат ‘еве смислиле уште едно небитно работно место само за да ухлебат уште некој џаболебар’. Но, вистината е дека ние се грижиме за здравјето на народот. Па не може човек да излезе на тераса, да шета во парк, да отиде во викендица да седи на раат, комарците ќе го отечат. Башка тие што се алергични. Затоа оваа Влада е одлучна да им застане на патот и да се избори со овие мали чудовишта“, вели анонимен извор за рубриката Сатира.
Тој додава дека во пресрет на локалните избори националниот координатор ќе ангажира и локални координатори и ќе го прошири секторот и надлежностите, односно ќе се преименува во Национален координатор за борба против комарци, муви и мушички.
Но, истакна дека се уште бараат јунак кој ќе се пријави за оваа тешка борба.
Mosquito
фото: Скриншот
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.