• Latest

Се чека одлука за почетокот на учебната година и појаснување за родителите за изборот на настава

August 20, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се чека одлука за почетокот на учебната година и појаснување за родителите за изборот на настава

August 20, 2020 11:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја донесе одлуката како ќе се одвива наставата во учебната 2020/2021 година, а се очекува да биде одреден и нејзиниот почеток што зависи од функционирањето на Собранието. Законодавниот дом треба да ги усвои измените на законите за основно и за средно образование направени согласно со здрвствените протоколи и со планот за начинот на реализација на наставата (онлајн со два исклучока) и траењето на часовите кои ќе бидат пократки за десет минути од регуларните, пренесува МИА.

Исто така, треба да се утврди и соопшти начинот на кој родителите на деца до трето одделение кои, според одлуката, наставата треба да ја следат во училишните клупи, ќе се изјаснуваат дали сакаат децата да им учат онлајн и дали ќе има одредено услови/причини за оправданост на нивниот избор.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера на прес-конференција рече дека изборот е овозможен зашто во семејствата на некои деца има хронично болни (родители, баби, дедовци) кои се во ризична категорија во однос на вирусот.

Исто така, засега се непознати и критериумите кои училишта ќе може да организираат настава со физичко присуство, а тоа важи за училишта со помал број ученици и паралелки, главно подрачните, кои се наоѓаат во мали населени места и во рурални средини. Главен услов е стабилна епидемилошка состојба, но за да организираат класична настава тие треба да добијат согласност од ресорните министерства односно од Владата.

Учениците кои ќе следат настава во училиштата ќе носат заштитни маски и ќе седат на растојание најмалку од 1,5 метар во училница со најмногу 20 деца. Наставникот е обврзан да не ја напушта училницата, а за да нема метежи по ходниците и влезовите на училиштето, почетокот и крајот на часовите по паралелки ќе имат десет минути разлика.

Голем предизвик ќе биде спроведувањето на онлајн-наставата која освен за двата исклучока (ученици до трето одделение и училишта со малку ученици) ќе важи за сите останати, кои часовите ќе ги следат преку е-платформи за двонасочна комуникација со наставникот.

Министерот за образование Арбер Адеми рече дека продолжува да се надградува платформата Едуино.мк која профункционира за онлајн-наставата во март и се снимаат и прикачуваат нови видеолекции со теми од наставната програма за првото тримесечје од учебната година. Бирото за развој на образованието пред една недела соопшти дека за основно образование се изготвени 60 отсто од содржините за септември, во средно гимназиско образование 50 отсто и за средно стручно образование 30 отсто.

Бирото информираше дека Едуино.мк ќе има и нова функционалност – е-распоред со кој на сите училишта ќе им помогнат да изработат распоред за настава од далечина. На училиштата им се пратени дописи за тие да ги  испраќаат бараните информации и да се изработат профили за секое одделно училиште.

– Бирото за развој на образованието овие денови постави обука на далечина за наставниците за користење и креирање основни алатки за реализација на наставата, а во тек е процесот за акредитација на програми за обука од областа на учењето на далечина коишто би се реализирале со почетокот на учебната година и би им биле поддршка на наставниците при реализација на наставата, соопшти БРО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ