Во овој момент се чекаат тестовите за евентуално присуство на коронавирус на уште едно лице кое дошло од Рим и се јавило на Клиниката за инфективни болести со знаци на грип. Резултатите ќе бидат готови за час и половина по што јавноста ќе биде информирана, рече на попладневната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно негативни на присуство на коронавирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.
Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.
-Пациентката, пак, кај која беше потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клилничка слика и нема посериозни компликации, рече Филипче.
Тој информираше дека 12 лица кои биле во контакт со оваа пациентка се во домашна изолација и не смеат да го напуштаат живеалиштето ниту некој да им доаѓа на гости. Тие се здрави, немаат никакви симптоми. Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.
На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата. Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:
• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123
– Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата, соопшти Министерството за здравство.