Деновиве се формира Партија за демократски просперитет на Ромите со седиште во Делчево. Основач и претседател на партијата е Аксел Ахмедовски кој кратко време беше и министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите. Седиштето на партијата ќе биде во Делчево. Основачкото собрание се одржа во Виница.
фотографија: ТВ Стар – Штип