• Latest

Се интензивира комуникацијата со Софија, Скопје се надева на бугарска поддршка во јуни

May 30, 2021

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се интензивира комуникацијата со Софија, Скопје се надева на бугарска поддршка во јуни

May 30, 2021 10:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комуникацијата на релација Скопје – Софија се интензивира во пресрет на Самитот на ЕУ на 22 јуни на кој македонската страна се надева на поддршка од Бугарија за следниот чекор во процесот на евроинтеграциите –  одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ односно официјален старт на пристапните преговори.

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за односите со Бугарија и дали има некакво раздвижување, посочи дека комуникации постојат со Софија, а првата средба се очекува следната недела на граничниот премин по повод донација на вакцини за Ковид – 19.

-Јас денеска ќе се слушнам со претседателот, којшто денеска попладнево се враќа, и ќе можам да поразговарам за самите детали, затоа што нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе стапи во контакт со министерот за надворешни работи на Бугарија. Пред два дена се слушнав со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и договоривме следни комуникации. Овие денови како што објави претседателот на Бугарија сепак тие го прават гестот на пријателство, очекуваме следната недела да направиме прва средба на граничниот премин, барем како што е најавено, рече вчера премиерот Заев

Тој додаде дека кабинетите се уште договараат, на крајот, вели, ќе видиме дали ќе се потврди од двете страни за да преку Црвениот крст на Бугарија и на С Македонија се донираат 50 илајди вакцини и на самата средба верува, дека ќе договорат следна средба со неговиот бугарски колега, како и средба на министрите за надворешни работи, за да работат на деталите на решението.

-Конекциите постојат. Секако, уште еднаш нашата замолница и целиот наш фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, пред се претседателот на Бугарија господинот Радев, но и премиерот Стефан Јанев, но и министерот за надворешни работи, Парламентот и сите институции се надеваме дека навистина во јуни ќе дадат поддршка да го  направиме следниот чекор во интегративните процеси на Северна Македонија, рече премиерот Заев по презентацијата на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 во Владата.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи пак повтори дека останува на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, и оти пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите со Софија.

-Има сериозен ангажман на Португалското претседателство, знаете и со конкретниот предлог којшто ние го проценивме како добра основа за надминување на разликите. Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на трите страни, нашата страна, бугарската страна и на земјите членки коишто очекуваат дека преговарачкиот процес нема да биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите, истакна министерот за надворешни работи при посетата на Општина Тетово.

Тој наведе дека продолжуваат со враќањето на довербата со Бугарија и оти постои еден конструктивен однос, конструктивна реторика меѓу нас и бугарската Влада.

-Овие контакти коишто се случија, се важни во враќањето на таа доверба и очекувам таа комуникација да се интензивира во наредниот период. Да се обидеме да ги адресираме сензитивностите и на бугарската страна, меѓутоа се разбира запазувајќи ги и нашите сензитивности во однос на прашањето, потенцираше Османи.

На новинарско прашање тој истакна дека државниот врв интензивно се координира за именување на нов амбасадор во Софија, при крај се со консултации на ниво на трите институции – претседател, премиер и Министерство за надворешни работи, со цел, вели, да определиме кандидат кој соодветно ќе одговори на мисијата.

Поранешниот дописник на Бугарското национално радио (БНР) во Скопје, Мартин Минков, во коментар за надворешно-политичката емисија „Сабота 150“ на програмата „Хоризонт“ на Националното радио, оценува дека претседателите на Бугарија и Северна Македонија Румен Радев и Стево Пендаровски дадоа знак дека може да се води нормален дијалог со европски пристап – без ултиматуми, но со разумни аргументи да се отвори патот за расчистување на проблемите натрупани во текот на минатата година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, сепак, Минков смета дека тоа не може да се случи пред 22 јуни, кога е закажан Самитот на лидерите на ЕУ. Тој потсети на изјавата дадена од привремениот премиер и министер за надворешни работи на Бугарија дека позицијата на Бугарија е утврдена со Декларацијата усвоена со консензус од Националното собрание и не може да се очекува промена, барем за време на привремената Влада. Според Минков, позицијата на Бугарија е принципиелна, но треба да биде пофлексибилна, што не значи дека треба да подлегне на притисокот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ