• Latest

Се очекува оставка од претседателката на Антикорупциска, индивидуалната одговорност не ја поткопува работа на ДКСК

April 29, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Се очекува оставка од претседателката на Антикорупциска, индивидуалната одговорност не ја поткопува работа на ДКСК

April 29, 2025 10:26
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која е осомничена за оддавање службена тајна на друг осомничен во случајот „Адитив“ нема поднесено оставка, а според мислењето на дел од поранешните членови на оваа Комисија, тоа е неопходно да го стори. Сметаат дека се работи за индивидуална, а не за колективна одговорност на целата Комисија.

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска вели дека Димитровска треба под итно да поднесе оставка затоа што на овој начин, како што вели, таа сè уште ја инфицира институцијата. Според Ивановска, нанесен е тежок удар врз институцијата и не е момент да се седи со скрстени раце. На потег, вели таа, е Собранието пред кое одговараат претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.

– Се случило што се случило, сега треба да гледаме како понатаму, значи треба да се бара чаре. На потег е Собранието – кои механизми може да ги преземе, што може самата институција да направи од аспект на самопроценка на ризици од корупција. Ние сме правеле и претходно во насока на зголемување на интегритетот на таа институција, имаме регистар со ризици од корупција и мерки како тие да се надминуваат. Тоа треба сега да се преиспита, да се види кои се високите ризици, со какви контроли треба да се покријат и така натаму, изјави вчера Ивановска.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието вчера преку писмено соопштение посочија дека доколку низ судска постапка се потврдат како точни наводите за Димитровска, тогаш без двоумење ќе биде иницирана соодветна постапка за нејзино разрешување.

– Почитувајќи го начелото на презумпција на невиност и независноста на судските органи, претседателот на Собранието се воздржува од какви било прерани коментари. Основен приоритет е да им се овозможи на надлежните институции да ја завршат својата работа без било какви притисоци или влијанија. Сепак, доколку наводите бидат потврдени низ судска постапка, претседателот на Собранието ќе постапи без двоумење и ќе иницира соодветна собраниска процедура за разрешување, истакнаа од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Поранешниот член на Антикорупциската комисија Владимир Георгиев смета дека вината е индивидуална, а не на целиот состав на Комисијата, но вели дека целиот случај влијае врз угледот и работата на Комисијата.

– Што се однесува на тоа дали целата институција е виновна, сметам дека тоа е индивидуална одговорност на секој поединечен член, во случајот на претседателката, меѓутоа тоа влијае врз работата на ДКСК и нејзиниот углед во јавноста. Многу е тешко да се стекне доверба преку работа, непристрасност и посветеност, меѓутоа многу лесно може да се изгуби таа доверба. ДКСК е веќе на граница на својата доверба во јавноста и треба многу дополнителен напор за да ја поврати таа доверба, вели Георгиев.

И министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски викендов коментирајќи ги сличувањата во Антикорупциската комисија рече дека не гледа причина за колективна одговорност на целата Комисија.

– Не гледам причина зошто останатите членовите би сноселе одговорност за личните постапки за еден од членовите, за потенцијалните постапки, затоа што  станува збор за осомничено лице. И не би сакал дополнително да се впуштам во политизација на процесот затоа што овој состав, како и минатиот состав на ДКСК, беше избран во Собрание со поддршка од сите политички партии, вклучително и од невладини организации, во една транспарентна постапка којашто се сметаше за пример за начин на избор на членови на вакви независни тела. И во еден ваков пример, кога потенцијално овој член би си дал оставка, сметам дека во таква постапка ќе нема простор за омаловажување, дискредитација на потенцијално нови членови на оваа Комисија. Така што мислам дека треба да покажат со пример и дела дека нивната работа е кредибилна, рече Андоновски.

И тој е на став дека претседателката на Антикорупциската комисија е непримерно да продолжи да биде на функцијата додека не заврши целата постапка во Обвинителството.

– Почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, се надевам дека ќе биде дадено некакво објаснување и сметам дека додека не заврши постапката во Обвинителството, а потоа и во судот, би било непримерно да продолжи да функционира тоа лице  на таа позиција што ја има, истакна министерот Андоновски.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата тврдат дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност на Комисијата.

– Ќе продолжиме да работиме со највисока транспарентност и да соработуваме со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во  рамките на ДКСК, информираа од ДКСК преку писмено соопштение.

Актуелната претседателка на Антикорупциската комисија се најде во фокусот на јавноста откако минатата недела како осомничена во случајот „Адитив“, и беа изречени мерки на претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности. Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата во Собранието беше изгласан на 22 декември 2023 година со 97 гласа „за“, а свечена заклетва членовите дадоа на 8 февруари минатата година. Димитровска беше избрана за претседател на Комисијата.

Предметот „Адитив“ за кој Димитровска е осомничена дека оддала службена тајна на друг осомничен во счулајот, се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица. Според обвинителството, осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ