Поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, не успеа да сведочи денеска за „Рекет“, поради отсуството на двајцата адвокати на Катица Јанева.
Судијката Васка Николовска-Масевска на почетокот на рочиштето извести дека адвокатот Дељо Кадиев на 15 јануари, доставил барање за одложување на рочиштето и известување дека до петок ќе биде на терапија во Клиниката за инфективни болести.
Другата адвокатката Ирена Фрчкоска утринава известила дека и е влошена здравствената состојба, а судијката и даде рок до утре да достави медицински извештај за нејзината здравствената состојба.
Денешното рочиште е одложено за четврток, 23 јануари, во 10:00 часот, а судијката ги потсети дека ако едниот адвокат нема да може да биде присутен, со другиот може да продолжи рочиштето. Во судница денеска беа донесени со полициска придружба и обвинетите, Бојан Јовановски од притворот Шутка и Катица Јанева од куќен притвор.
А. З.