• Latest

Се отвора дебата за законот за дивоградби за сите прашања на кои посочи јавноста

May 19, 2021

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се отвора дебата за законот за дивоградби за сите прашања на кои посочи јавноста

May 19, 2021 10:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата  отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Како што соопшти владината прес-служба, ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да се дискутира со јавноста, пратениците, експертите,.. да се најде решение со цел да им се помогне на граѓаните.

-Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави вчера Бочварски, и додаде дека е неприфатливо за државата да замижува  пред проблемите и да ги става под тепих или најлошо од се, да остави статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа.

Посочи дека бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легализација се одбиени, колку се во процес на работа.

– Од тој  аспект, градови или општини како Штип, Струмица,  Велес, со средна големина, имаат по две до три илјади објекти, според нивните  проценки, коишто немаат решен правен статус. Тоа се во најголем дел објекти  на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства  и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме  решение и начини да ги решаваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих. Поради тоа ова прашање, овој закон е  поднесен во Собранието уште во 2019 година,  доста долго време  во јавноста е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците  и пратеничките групи, изјави Бочварски.

Против повторно носење на нов Закон за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти се изјасни Асоцијацијата на архитекти на Македонија, затоа што, како што вчера наведоа, тој ги суспендира сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.

-Доколку сепак, и покрај сите наведени причини Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти биде донесен, инсистираме во законот задолжително да се вметне потребата од спроведување на сите постапки, неопходни за добивање дозвола за градба. Ги повикуваме и колегите од Комората на градежни инженери и другите струкови здруженија да не поддржат во оваа иницијатива, наведоа од Асоцијацијата.

Според Асоцијацијата, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и законот за градење бидејќи истиот ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси.

Бочварски, пак, истакна дека во новиот Закон за легализација на дивоградби внесени се и казнени пенали за граѓаните, кои нелегално граделе.

-Тоа значи дека ако комуналиите во Општина Штип се 50 евра, секој оној што легализира ваков објект ќе треба да плати 75 евра по метар квадратен со цел неговиот објект влезе во правна рамка доколку ги исполнува и сите останати критериуми и услови, за разлика од претходниот Закон, кој беше едно  евро за м/2 и ова е вториот аспект и секако Законот за урбанистичко планирање, што веќе е донесен, Правилникот за урбанистичко планирање, кој е веќе донесен. Ние покажуваме со транспарентни постапки и процеси правиме сериозен фронт и борба против ваквиот тип на градба, вели Бочварски.

Но, како што рече, во моментов мора да се соочиме дека на терен и во општините такви објекти постојат.

Законското решение беше донесено минатата  недела во Собранието, по што претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за негово прогласување. Согласно законските прописи доколку претседателот не потпиша указ законот се враќа повторно во собраниска процедура.

Претседателот порача дека доколку Собранието вторпат го изгласа со потребното мнозинство од
61 пратеник законот за постапување по бесправно изградени објекти, ќе мора да го потпише указот за негово стапување во сила, бидејќи, како што рече, со првото непотпишување се исцрпуваат неговите уставни надлежности.

-Ако ме прашувате за мојата реакција доколку тој би дошол повторно кај мене, ставот е апсолутно јасен. Немам намера да не го почитувам Уставот, да изигрувам некаков претседател кој има тн. џебно вето, да не се произнесувам. Ако тој закон биде изгласан со потребното мнозинство вторпат, се разбира истиот ден ќе го потпишам иако имам серија забелешки. Според она што го кажа премиерот, ќе бидат земени во
предвид, ќе се разговара за нив, меѓутоа тука завршува мојата уставна надлежност. Ако решат буквално истиот текст да го усвојат со потребното мнозинство, 61, немам избор, апсолутно, рече вчера Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по вакцинирањето против Ковид-19 на вакцинален пункт во Куманово.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ