• Latest
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Се разоткриваат сомнителните софтвери на Рашковски додека тој е во притвор во Шутка

April 23, 2021
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Се разоткриваат сомнителните софтвери на Рашковски додека тој е во притвор во Шутка

April 23, 2021 11:53
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Додека поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски ја поминува втората вечер во истражниот затвор во Шутка, на виделина испливаа нови скандали со софтвери и сервери за кои веќе се гони кривично за злоупотреба на службена должност.

Имено, фирмата на Рашковски освен што го набавила спорниот сообраќаен софтвер, го одржувала и хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, а при претрес во неговата канцеларија на Правниот факултет бил пронајден и софтверот за прашања на кандидатите.

-Фирмата Инвока Груп го сервисираше хостингот, а серверот со прашањата се наоѓа при Владата. Со оглед на тоа што оваа фирма сега е опфатена со постапка, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев преку Влада ќе бара друга фирма, потврди Наташа Габер Дамјановска, директор на Академија за судии и јавни обвинители за Канал 5.

Рашковски исто така во име на владиниот генерален секретаријат кон крајот на 2019 година склучил договор со охридската компанија „Ентер“ за набавка на софтвер за систем за координација во планирањето и спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој, во износ од 38,8 милиони денари, објави неделникот Фокус.

Станува збор за договор со времетраење од 5 месеци, со тоа што 3 месеци се предвидени за испорака и инсталација на софтверското решение, а 2 месеци за обука за користење на системот, кој никогаш не му е предаден на користење на Министерството за локална самоуправа, како надлежно за спроведување на политиките за рамномерен регионален развој, пишува Фокус.

Рашковски беше поврзан и со сомнителен тендер за набавка на опрема за контрола на летање, но оваа кривична пријава Обвинителството ја отфрли со образложение дека нема елементи за сторено кривично дело.

Вчера покрај Рашковски, 30- дневен притвор во Шутка доби и сопственикот на Инвока Груп, Даниел Станчевски, а уште двајца осомничени остануваат со одземени пасоши и забрана за напуштање на живеалиштето.

Обвинителството поведе истрагата за набавка на софтвер вреден 80.000 евра кој Рашковски го набавил од фирмата Инвока за потребите на МВР од каде тврдат дека не им бил потребен

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ