• Latest

Се шири бунтот на студентите во Србија; Во знак на протест вечерва ќе маршираат просветни работници, на ГСП и граѓани од повеќе белградски општини

February 20, 2025
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Се шири бунтот на студентите во Србија; Во знак на протест вечерва ќе маршираат просветни работници, на ГСП и граѓани од повеќе белградски општини

February 20, 2025 09:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите на државните универзитети ширум Србија со месеци ги блокираат факултетите и организираат протести, барајќи да се откријат одговорните за падот на настрешницата на неодамна реновираната Железничка станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, како и да се казнат оние кои напаѓаа граѓани и академици за време на мирни блокади.

Овој бунт од универзитетот се прошири и на другите делови од општеството, така што денешните протести ги најавија вработените во основните училишта во Белград, работниците на Електростопанството на Србија, како и вработени во градскиот транспорт во Белград. Граѓаните на повеќе белградски општини за вечерва најавија протестна прошетка за поддршка на студентите и просветните работници.

Студенти во блокада и групи граѓани и вчера во Белград, Нови Сад и други градови 15 минути блокираа одредени патишта, наведувајќи дека им оддаваат почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад и бараат одговорност.

Во Нови Сад се одржаа неколку протестни собири. Студентите во блокадата организираа акција што ја нарекоа „Потрага по ректорот“, која започна со собир пред Ректоратот, продолжи со протестен марш до ДИФ, матичниот факултет на ректорот Дејан Мадиќ, а заврши пред зградата на Собранието на Војводина.

Студентите во блокадата изјавија дека го „бараат“ ректорот за кој тврдат дека одбива да закаже седница на Сенатот на чиј дневен ред би било негово разрешување.

Мадиќ вчера соопшти дека, бидејќи зградата на Ректоратот е под блокада, ректорот не е во можност физички да биде присутен, но дека цело време е присутен со „електронски и други соодветни средства“.

Тој изјави и дека ќе се најдат најдобри одржливи решенија за што поскоро да се организира седницата на Сенатот.

Во Нови Сад се одржа собир на просветни работници кои се во прекин на наставата, родители на ученици и група граѓани каде се одржа состанок на директорите на новосадските основни и средни училишта, јавуваат медиумите.

Собирот беше најавен пред ОУ „Иван Гундулиќ“, поради информации дека за време на суспензијата ќе им бидат намалени платите на наставниците, но протестниот состанок се одржа пред Спенс откако се дозна дека таму се одржува состанокот на директорот.

Средношколците во блокадата од Нови Сад организираа протестна прошетка до Футог, наведувајќи дека целта им е да им дадат поддршка на учениците од Земјоделското училиште во, како што наведоа, „конфронтација со училишната управа и покрај сите закани од истата, за да влезат во блокада“.

Студенти и професори во блокадата во Суботица започнаа протестна прошетка до населбата Бајмок.

На чело на колоната беа земјоделци со трактори, а колоната ја обезбедуваше сообраќајната полиција, пишуваат медиумите.

Групи студенти од крајот на ноември ги блокираат факултетите барајќи да се исполнат четири барања, а претставници од надлежните наведуваат дека нивните барања се исполнети и ги повикуваат на дијалог да кажат што не е исполнето. Претставници на Универзитетот во Белград и на Владата на Србија вчера разговараа за четвртото барање на студентите во блокадата и измените на Законот за високо образование.

Четвртото барање се однесува на подобри услови и зголемување на буџетот за високото образование за 20 проценти.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ