Српското МВР соопшти дека во „страотната трагедија во ОУ Владислав Рибникар во Белград загинати се девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител“, јави дописникот на МИА од Белград.
Повредените деца и учителката се згрижени во Урегентниот центар во Белград.
-Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија, се наведува во соопштението на МВР.
Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец Коста К. отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Сето тоа траеше 5 минути. Како што пишува Нова.рс, осомничениот ученик по пукотањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила, за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко.
Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на татко му, го убил чуварот, а точниот број на ранети се уште не се знае.
Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.
-Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја.
Majka jedne od učenica O.Š. „Vladislav Ribnikar“ na Vračaru izjavila je novinarima da je njeno dete u potpunom šoku i da ne mogu da je smire nakon pretrpljenog stresa. Na sreću, ona je prošla nepovređeno. Pratite naš BLOG UŽIVO 👉 https://t.co/pu21grO5PL pic.twitter.com/8Abk7qEywf
— TV N1 Beograd (@N1infoBG) May 3, 2023
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград биле известени дека утринава во 8 часот и 40 минути дошло до пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.
Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.
Predsednik opštine Vračar Milan Nedeljković rekao je
da bi tragedija u OŠ Vladislav Ribnikar bila i veća da radnik obezbeđenja koji je preminuo nije pokušao da spreči pucnjavu. "Žrtvovao je sebe radi druge dece, kao i profesorka istorije". Pratite BLOG https://t.co/d8gsOzgHVU pic.twitter.com/CWMHKL5Dxr— TV N1 Beograd (@N1infoBG) May 3, 2023
Во Владата на Србија во 13 часот и 15 минути ќе се одржи вонредна прес-конференција по повод трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. На прес-конференцијата ќе се обратат министерот за образование на Србиоја, Бранко Ружиќ, министерката за здравство Даница Грујичиќ и претставник од МВР на Србија.