• Latest

Седницата на чиј дневен ред беа одлуките за вонредна состојба прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано

September 30, 2020
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Седницата на чиј дневен ред беа одлуките за вонредна состојба прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано

September 30, 2020 15:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја почна седницата на чиј дневен ред беа ставени петте одлуки за прогласување вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, но расправата по нив не почна бидејќи седницата беше прекината по усвојувањето на две одлуки за формирање и изменување на состав на собраниски работни тела.

По усвојувањето на дневниот ред, пратениците ги усвоија Предлог одлуката за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на Комисиите на Собраниетона Република Северна Македонија, како и Предлог одлуката за основање делегации, пратенички групи, и други облици на остварување меѓународна соработка на Собранието на Република Северна Македонија Поднесена од претседателот на Парламентот Талат Џафери.

По ова, Џафери ја прекина седница и рече дека пратениците доолнително ќе бидат информирани за продолжението. За попладне најави одржување седница на чиј дневен ред е и изборот за потпретседатели на Собранието.

Во меѓувреме, најави Џафери, ќе се одржи и состанок на координаторите на пратеничките групи и претседателите на собраниските комисии, што било договорено на вчерашната собраниска координација.

Пред почетокот на оваа седница од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат против потврдувањето на петте одлуки за вонредна состојба што го донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, поради тоа што, како што рекоа, тие не биле искористени за целта за која биле донесени, туку биле злоупотребени од Владата.

Петте одлуки за вонредна состојба беа донесени на 18 март, 16 април, 16 мај, 30 мај и 15 јуни, поради паднемијата од КОВИД-19.

Одлуките ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски, бидејќи во тој период Собранието беше распуштено заради одржување на предвремените парламентарни избори што првично беа закажани за 12 април, а потоа поради пандемијата беа презакажани и се одржаа на 15 јули.

За овие одлуки потребно е да гласаат 80 пратеници. Станува збор за две одлуки за вонредна состојба во траење од по 30 дена, две од по 14 и една одлука за вонредна состојба во траење од 8 дена.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ