• Latest
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Сега Џамбаски не бил нивен, види богати, од кога тоа?

January 16, 2023
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Сега Џамбаски не бил нивен, види богати, од кога тоа?

Факт е дека уште никој не се огласи, уште никој во партијата и од партијата не проговори за децениската внатрешно партиска и партиско државна пробугарска политика. Исто и сега и за „нивниот“ Џамбаски, за таа софиска ВМРО-вска евро будалетинка.

January 16, 2023 22:27
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ          

Кога најдокажани бугараши на времето, од основањето на ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите па сѐ до денес, кога тамошни високи партиски фаци и тогаш, а и сега, ни ја бугаризираа и ни ја бугаризираат државава, јас, еве нека е од инает, застанувам во одбрана на софискана ВМРО будалетинка Џамбаски.

Зошто? Па просто. Ем род им е, ем сега не само што во устав не ќе го ставале, туку и ќе го тепале. Но не. Не. Сега и рука ќе му цунувате бугаромани овдешни маскирани.

Ај по ред, за да не виси ова погоре како некаков виц и колку како за некаква забава:

Пред триесет и две години ВМРО-ДПМНЕ е основана како двослојна, како хибридна партија, со силно внатрешно пробугарско крило и со нагласено македонистичко крило од евро-дијаспората. Секако и со силна овдешна промакедонска граѓанска поддршка. Со поддршка на многубројни искрени Македонци и Македонки родољуби, борци за Македонија. Но, исто така, и со куп влијателни манипулатори, пробугарски елементи не инфилтрирани во партијата, туку и владетели во партијата и на партијата. Едни, највисоки партиски функционери, други, делегирани за министри, трети, влијателни спин доктори и македонски негатори.

Некои ќе речат дека констатацииве се нерални, пресубјективни, па и манипулативни. Па добро, тогаш ајде и вака, накусо и малку по таксативно:

Во фазата на основањето ВМРО-ДПМНЕ е формира врз програмска платформа, практично, идеолошка матрица која партиските водства ја афирмираа на бројните јавни, главно предизборни митингашки настапи. Во неа се вградени тогаш за неа пет клучни постулати и тоа три „анти“ и две „про“.

Про: пробугарски и промакедонски;

Анти: антикомунистички, антисрпски и антиалбански.

И некако, како по правило, секогаш, по секој внатрешно-ВМРО-вски судир, на крајот на партиската идеолошка вага, сепак, ќе натежнеше пробугарскиот тег.

Можеби и би можело да се констатира дека со време, сепак, пробугарската доминација во партијата ги губеше највисоките партиски позиции. Одвреме-навреме, промакедонистите таму умееја да ги потиснат пробугарите на помаргинални партиски, па и државни позиции. Сепак, факт е дека уште никој не се огласи, уште никој во партијата и од партијата не проговори за децениската внатрешно-партиска и партиско-државна пробугарска политика.

Затоа, барем дотогаш, додека овој актуелен или некој нареден ВМРО-вски партискиот врв не се огласи и не се огради за и од историските внатрешно-партиски антимакедонски, а пробугарски инклинирања, за децениските нескриени пробугарски антимакедонски политики, на темата одбрана на идентитетот, одбрана на македонскиот идентитет, би било најарно и натаму да си молчат.

Би било поарно да не лицемерат. Да си траат и за континуитетот, и за Македонците во Бугарија, и за имињата на овдешните бугарски клубови, и за Ванчо Михајлов и за Цар Борис, и за…

Исто и сега, за „нивниот“ Џамбаски, за таа софиска ВМРО-вска евро будалетинка. Демек, сега тој не бил нивен.

Види богати, а од кога тоа?


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕпробугарскиЏамбаски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ