• Latest
Војо Маневски

Сега не е време

May 11, 2021

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сега не е време

May 11, 2021 12:38
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Кога формата станува претесна за содржината таа мора да се менува. Менувањето на познатата форма е болен општествен процес, кој најчесто наидува на отпор и недоразбирање. Западниот свет изградил сопствена процедура низ демократски постапки за водење на општеството. Источниот свет поради сопствениот начин на живеење и формирање на мислење, бара управување и водење. Затоа секоја одлука треба да се промисли добро, но кога ќе се донесе мора да се инсистира на нејзино спроведување, затоа што секое колебање создава несигурност и кај водството и кај водените.

Вака упростени, постулатите на владеeње изгледаат едноставни и спроведливи, но токму во таа едноставност се крие и тешкотијата на спроведување на која било општествена реформа. Сведоци сме на отпорот кон реформите на образованието. Се разбира, во критиките на предлогот има и издржани замерки на луѓето од струката, но кога сѐ ќе се стави на маса да се разгледа, резултат е заклучокот дека сега не е време за такви реформи. Ако  има нешто што не држи заковани секогаш на почетокот на сите нужни процеси, тогаш е токму тој изговор – СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ.

А време немаме доволно, затоа што имаме незадоволителни резултати. Подобро ни е да живееме во познатата форма, отколку да ја менуваме и додаваме нови содржини. Стравот од промените е постојана состојба во нашето општество. Таквиот менталитет на подреденост ќе мора да го менуваат новите генерации, доколку сакаат да го најдат своето место во успешниот современ свет.

Ајде да се обидеме да одговориме само на неколку дилеми што се околу нас!

Имаме ли образование што им дава шанса на нашите деца да успеат во современото опкружување? Заклучокот во кој било разговор денес и на кое било ниво е најчесто:

– децата не знаат доволно и не поседуваат знаење што им е потребно за реалните потреби во економијата и целиот општествен систем.

Таквата констатација е, како преовладувачка, и за основците и за средношколците, а посебно е веќе воспоставена за високото образование.

Ако вака мисли најголемиот дел од заедницата, зошто тогаш има отпор за реформи токму во образованието? Дебата за тоа водиме веќе десетина години и кога ќе дојде некој предлог или државен проект, тогаш најчестата реакција е – СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ.

Дали дигитализацијата е нужност?

Ако сакаме потврда за оваа дилема ќе ја најдеме секаде околу нас. Посебно кризава со пандемијата ни покажа кон кој правец ќе се движи и економијата и функционирањето на институциите.

Дали треба да се воведе токму сега? Ако не сега, тогаш кога?

Сите истражувања споредени со светот покажуваат дека веќе доцниме. Па, ако доцниме тогаш треба да побрзаме, а не да забавуваме.

Неспроведливи ли се реформите? Која реформа е спроведлива во салонска дебата?

Мора да почне да се реализира, да помине одреден рок на спроведување, па да се прават анализи. Ниту една реформа во светот не е идеална и дава резултати еднакви за сите. Некои ќе бидат добри, некои средни, а ќе има и лоши последици. Но, мора да се движат процесите.

Им треба ли на учениците дигитален учебник?

Овде добивме лавина мислења кои се толку генерациски себични, што на момент изгледаат како да се однесува воведувањето на електронскиот учебник за родителите, а не за учениците. Социолозите за ова направија цели теории околу смената на генерациите и навиките што нема место за коментар во колумнава. Треба само да се прочитаат.

Го читаме ли целиот законски предлог во целост?

Според она што го изјавуваат неформалните групи на социјалните мрежи таков заклучок тешко дека е можен.

Ќе има ли и хартиен учебник?

Овде Министерството за образование и наука не се прослави со изјавите: еднаш се изјавува дека паралелно ќе има и хартиен учебник, а следниот пат е дека тоа ќе биде за учениците кои ќе немаат услови за  електронски учебник. По се изгледа ќе има и електронски и хартиен учебник.

Потребна е сеопфатна согласност во општетсвото околу содржината на реформите.

Каде и околу која реформа има таква согласност?

Ни во светот, а посебно кај нас не е можна таква согласност. Секоја индивидуа засегната со реформите има свои интереси, ама овде се работи за интересите на заедницата, а не на поединците или групите. Секогаш ќе има незадоволни.

Можна ли е конструктивна дебата со набој на недоверба и омраза на која сме сведоци на социјалните мрежи?

Таква дебата не е можна. Најголем дел од таа врева треба да се занемари  и остави на нејзината виртуелност.

Проектот за реформи го носи Министерството и негова е одговорноста за нејзиниот квалитет и спроведување.

Што велат искуствата на сличните образовни системи кои вовеле или воведуваат електронска настава.

– Децата се задоволни од можноста да следат географија, мајчин јазик и предмети од уметнички карактер затоа што е блиску до нивната секојдневност  со употребата на телефоните. Со математиката оди потешко затоа што бара концентрација на учениците во вежбањето на задачите. И покрај почетните тешкотии кај наставниците околу употребата на дигиталнте табли и лап топи  процесот веќе започнува да тече и има сѐ помалку застои во наставата.

За веродостојност на овие анализи доволно е да се влезе на сајтот на Министертсвото за образование на соседна Србија. Искуството од таму може да биде корисно и во дебатите и во практиката.

– Има училишта каде нема ниту основни услови за обична настава, а не за електронска. За жал, има и такви училишта. Тој процес на подобрување на условите таму не е аргугмент за запирање на целиот процес. И самото користењето на состојбата со условите во кои учат тие деца е лицемерие. Живееме во општество на нерамноправни граѓани. Потполна рамноправност во сите сегменти ниту има некаде, ниту е можна поради природата на самото човечко битие. Токму оваа расправа на социјалните мрежи е потврда за тоа.

Ако се сопре воведувањето на дигиталниот учебник за четврто одделение ќе се помогне ли тоа во приоритетите на Министертсвото?

Прво да се среди таа состојба, па потоа сите да почнат со дигитални учебници.

Ова повеќе звучи како кафе муабет, отколку реален след на настаните. Инсистирањето треба да оди кон паралелност на двата процеси, а не застој на едниот.

Водењето на процесите е најголема мудрост во општеството. Кој ќе води и управува со нив е најголемиот предизвик на сите политички организираности на заедницата. Услов за успех на една заедница е вербата дека се движиме кон подобро утре. Ако го пропуштаме времето за подобро образование на идните генерации, тоа време што го чекаме никогаш нема да дојде и секогаш ќе биде невреме.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ